Во недела 18 декември 2022 година во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи промоција на книгата „Единствено во Бог е честа и славата“ од Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
Промотори ќе бидат Ацо Гогов и протојереј отец Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија. Фрагменти од книгата ќе чита Данче Стаменова. На промоцијата до присутните ќе се обрати и епископот Киро Стојанов.
Водител на промоцијата е Данче Ичева, а за музичкиот дел ќе се погрижи Филип Костов.