На 3 октомври 2023 година со почеток во 11.00 часот во Рагуза 360 во Скопје ќе се одржи промоција на енцикликата на папата Фрањо насловена ,,Слава Тебе” (Laudato Si).
Промотори на енцикликата ќе бидат Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, вршителот на должност а.и. во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и релгиозни групи м-р Даријан Сотировски.
Во енцикиликата, која има поднаслов„ Грижа за заедничкиот дом, папата Фрањо пишува за консумеризмот и неодржливиот развој, деградацијата на животната средина и глобалното затоплување и ги повикува сите луѓе во светот да преземат „брза и обединета глобална акција“.
Бројни познавачи на енцикликата покрај тоа што ја нарекуваат „еколошка енцилика“ истовремено истакнуваат дека е и „социјална енциклика“, која дава одговори на многу современи предизвици за целото човештво.
Енцикликата е издадена со дозвола на Дикастеријата за комуникација на Ватикан, а во заедничка соработка на Скопска бискупија, Струмичко – скопска епархија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Ватикан њуз/к.мк