Музичката група Еклезија го прослави својот прв роденден

На 10 февруари 2014 година музичкиот бенд Еклезија ја прослави својата прва година од формирањето. Првиот и засега единствен католички бенд кој твори духовна музика е составен од четири члена: Македонка Ангелова, Стефанија Ристоманова, Луиза Палифрова и Ристо Ангелов.

Покрај редовните активности Еклезија според можностите со задоволство се вклучува во хуманитарни проекти и потребите на парохиите.

Според зборовите на Стефанија Ристоманова, член на бендот, се надеваат на понатамошна подршка и помош за да можат со нови сили да напредуваат и во наредната година.

Во изминатата година бендот Еклезија ги реализира следните активности:

Снимање и издавање на својот прв албум „Кога воскресна Господи“ како и промоција на истиот во парохиите Нова Маала, Струмица, Петралинци и Радово. По повод Светскиот ден на млади, кој во Македонија се одбележа во Нова Маала од 27-28 јули сними спот за песната „Вратата на спасението“. Свои настапи бендот имаше за Прва Причест во Струмица и Радово, а во парохијата Радово настапи на тродневницата во чест на Марија од Назарет, кога Радово воедно славеше јубилеј 100 години. За време на посетата на Претседателот на Република Македонија проф. д-р Георге Иванов на парохијата Радово, на 10 ноември 2014 година групата Еклезија имаше свој настап. На божиќната претстава организирана од Сестрите Евхаристинки и богословите со својата програма настапи и бендот Еклезија.

Категорија: Македонија

За авторот