Најава: По повод Голема Богородица епископот Стојанов ќе служи во Струмица и Нова Маала

Најава: По повод Голема Богородица епископот Стојанов ќе служи во Струмица и Нова Маала

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица Скопскиот бискуп и Струмичко скопски епарх, Н.В.П. монс. Киро Стојанов ќе служи Света Архиерејска Литургија во недела 28 август во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица со почеток во 10.30 часот, а претходно истиот ден во 8.00 часот ќе служи во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.

Радио Марија ќе врши директен пренос од Катедралната црква во Струмица.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот