Нашето срце може да биде колевка или гроб Божји
Црквата треба да знае да се „повлече на страна“ и да направи во нејзиното навестување да блеска Божјото лице, а не таа самата – рече о. Ермес Рончи во четвртото размислување на духовните вежби за Папата и Римската Курија кои се одржуваат во куќата „Божествениот Учител“ во Аричи.
Во утринското размислување о. Рончи зборуваше за исповедта на верата на Петар. Исус е на само со своите ученици; тие сами со својот Бог. Во таа тишина Исусовото прашање изгледа како некакво „истражување на јавното мислење: “„За кого Ме мислат луѓето – Мене, Синот Човечки?“
Најдобрата работа во мојот живот
Во слична тишина во Арчи о.Ермес Рончи го поставува истото прашање на папата Фрањо и неговите соработници од Куријата „А вие, за кого Ме мислите?“ Исус сака да им каже на своите дека не треба да се задоволат со она што народот го зборува, затоа што верата не се шири со зборување. Исус не бара усен одговор, туку луѓе. Не бара дефиниции туку заземање: што ти се случило кога си ме сретнал? Исус е учител на срцето, не држи лекции, не предлага одговори, туку поттикнува на испитување на сопствената внатрешност. А јас би сакал да можам да одговорам: средбата со Тебе ми беше најдобрата работа во мојот живот! Ти си најдоброто што можеше да ми се случи – рече о. Рончи.
Верата се „движи“
Кој сум јас за тебе? Така прашуваат вљубените – вели водачот на духовните вежби. А најмногу зачудува тоа што Исус „не индоктринира никого“. Учениците не треба да се плашат дека мора да дадат однапред подготвен одговор, „не треба да составуваат некое Верување.“ Исус го интересира само тоа дали тие го отвориле срцето. Тврдењето, како што тврди Петар дека е Христос „Син на живиот Бог“ има смисла само ако Христос е „жив во нас.“ Нашето срце може да биде колевка или гроб Божји – истакна о.Ермес, додавајќи:
Сакате навистина да знаете нешто за мене вели Исус, а истовремено и за себе? Ве повикувам на состанок со човекот на крстот; со оној кој е поставен високо. Пред тоа во четврток на состанок со оној кој е ставен ниско, кој се опашал за бришење и се наведнал на своите да им ги измие нозете (…) Павле има право: христијанството е соблазна и лудост. Сега сфаќаме кој е Христос: тој го љуби оној кој го предава. Не скрши никој, се крши себе. Не пролева ничија крв, ја пролева својата. Не жртвува никого се жртвува себе – рече водачот на духовните вежби.
„Рефлекторите“ насочете ги до Христос
Сѐ до она прашање во тишина учениците сè уште не сфаќале што се случува со нивниот Улител. Затоа Исус јасно вели дека народот не зборува ништо. Заповедта е строга, а се однесува и на целата Црква затоа што понекогаш сме проповедале изобличено Божјо лице. Ние црковните луѓе „изгледаме сите исти“ – исти гестови, зборови, облека. Но луѓето нè прашуваат: „Зборувај ми за своето искуство со Бог.“ Христос пак не е она што што зборувам за него, туку она што живее од него. Ние не сме посредници помеѓу Бог и луѓето, вистинскиот посредник е Исус – заклучи о. Рончи додавајќи:
Мораме како свети Иван Крстител да го подготвиме патот и потоа да се повлечеме на страна. „Замислете ја убавината на некоја црква која не ги пали рефлекторите за да се осветлува себе, туку некој Друг. Пред нас патот е уште долг! Треба да се понизиме (…) Исус не вели „земи го мојот крст“, туку својот, секој својот (…) Божјиот сон не е бескрајна поворка на мажи и жени со нивните крстови на грбот. Туку луѓето на патот кон подобро, повесел и покреативен живот кој се плаќа со цената на цврстото заземање и истрајноста, но и со слатката цена на светлината: Ќе воскресне на третиот ден!
РВ/к.мк/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк