Наскоро книга за биографијата на Бенедикт XVI

Присуството на еден папа во мирување, а еден на должност за Црквата е новост. А бидејќи тие се сакаат тоа е убава новост – пишува папата Фрањо во предговорот на книгата „Служител на Бог и луѓето. Биографија на папата Бенедикт XVI“ која од 30 август ќе се најде во книжарниците.

Авторот на текстот кој го објави издавачката куќа Мондадори Елио Џуериеро по тој повод разговараше со почесниот Папа, а разговорот е објавен во ватиканскиот весник Осерваторе Романо.

„Навестување на Божјата милосрдна љубов кон светот“: таа служба Црквата, смета папата Фрањо, го здружува со неговиот претходник. „Длабока духовна врска“ и „взаемна љубов“ која го врзува за папата Бенедикт – пишува во предговорот на биографијата за Папата во мирување – транспарентен е изразот континутитет на папската служба без прекин како алка на еден синџир.“

„Со него можев да искусам не само почитување и послушност, туку и срдечна духовна близина, радоста на заедничката молитва, искреното братство, разбирањето и пријателството исто така и подготвеноста за советување. Тоа Божјиот народ го сфати: секој пат кога почесниот Папа прифаќајќи го мојот повик се појавува во јавноста и кога сум можел да го прегрнам пред сите присутните искрено и силно се радувале и одобрувале.“ Дискретното присуство и молитвата за Црквата на почесниот Папата за папата Фрањо е трајна поддршка и утеха.

Во Црквата сите, објаснува Светиот Отец, должиме благодарност на Јозеф Рацингер – Бенедикт XVI заради длабочината и рамнотежата на неговите теолошки мисли секогаш живеани во служба на Црквата; сѐ до најголема одговорност: е темелен придонес неговата вера и културата на учителството способно да одговори на очекувањата на нашето време. Неговата смелост и одлучноста во соочувањето со тешките ситуации – објаснува – го покажаа патот како понизно и вистински да се одговори на предизвиците во духот на обновата и прочистувањето – пишува папата Фрањо.

Во разговор со Елио Џуериеро Бенедикт XVI кон својот наследник изразува несомнена послушност и чувства на цврсто заедништво и пријателство заедно со благодарност за провидноста за изборот на Аргентинецот Берголио кој по двајца папи од средна Европа беше во знакот на католицитетот.

Почесниот Папа е допрен од човечноста на својот наследник кој често му испраќа подароци, писма и го посетува пред заминувањето на долги патувања. Тоа што зборува за расположливоста кон другите луѓе не се само зборови тој тоа го покажува со мене во восхитувачко татковско-братскиот однос, а тоа е посебна милост во последниот период од мојот живот. Нека Господ направи секој ден да ја чувствува неговата наклонетост. Да го молиме Бог тоа да му го даде – заврши почесниот папа Бенедикт XVI.

РВ/к.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот