Над 1 милијарда луѓе во светот живеат во сиромаштија
Рим, 6.4.2013 /к.мк/ – Повеќе од 50 % од населението во светот живее во услови на голема сиромаштија, концентрирани во Кина, Индија и Бразил, а 1 милијарда и 300 илјади живеат со помалку од 1,25 долар на ден. Овие бројки се објавени од Светска Банка, а јавува агенцијата Фидес.
Од почетокот на 80-те години, 600 милиони луѓе успеале да ја надминат сиромаштијата, намалувајќи го на тој начин процентот на населението во светот кое живее во крајна сиромаштија од 42% на 19%. Според експертите овој пад се должи на напредокот на земји – Кина, Индија и Бразил, каде живеат скоро 50% од сиромашните во светот. Во моментот во Јужна Азија живеат 571 милион во сиромаштија, во Африка 386 милиони, додека во Југоисточна Азија живеат 284 милиони во крајна сиромаштија.