Монсињор Вигано: За пренесување на милосрдието е потребен јазикот на срцето

Да се соопштува милосрдието преку зборови, молчење, слики, преку застапништвото на срцето. Со таа скица, во прес-центарот на Светиот Престол беше претставена пораката на папата Фрањо за 50. Светски ден на социјалните комуникации.

На прес конференцијата, чиј модератор беше Ватикански портпарол отец Федерико Ломбарди, учествуваа монсињор Дарио Едоардо Вигано, префект на Секретаријатот за комуникации, новинарот Паоло Руфи, директор на ТV2000 (телевизија на епископската конференција на Италија) и библичарката проф. Маринела Перо.

Поврзаноста на комуникацијата и милосрдието е плодоносен, истакна префектот на Секретаријатот за комуникации, монсињор Вигано. Тој додаде дека милосрдието е карактеристична црта на Црквата, која ја има „одговорноста“ да говори за милосрдниот Божји лик на Христос со зборови и дела, со начин на однесување и на живот“. Треба да се шири милосрдието „со зборови на надеж и живот“, со гестови, допирајќи ги „последните“.

Црквата е повикана на таа мисија во време кога „неподготвеноста за сослушување“ доведува до несериозен јазик. Монсињор Вигано појасни дека „молчењето е неопходен елемент на комуникација: колку поголема е способноста на лицето да ја задржи тишината, толку поголема ќе биде вредноста на зборовите кои тој ќе ги каже, бидејќи тие ќе бидат плод на размислување“. Молчењето може да биде исклучителна форма на комуникација“.

„Од друга стана, сите ние го имаме зачувано во сопственото сеќавање моментот во кој папата Фрањо се појави на централната ложа на Ватиканската базилика: некој тоа би го нарекол „преобразувачко појавување“. Преобразувачко, бидејќи на сето тоа му претходеше момент на длабока тишина кога, како што сите се сеќаваме, Папата беше побарал да се моли за него“.

Тишината, која е суштинска, за да се разликува она што навистина е важно, истовремено е „контемплација и медитација“. Монсињор Вигано истакна дека „во изолирачката сегашност расте носталгијата по тишината“:

„Од овој пекол на бучава во нашето секојдневие, од овој турбулентен проток на клевети и внатрешен дијалог, спонтано се раѓа носталгијата по тишина, желбата да натераме да замолкнат манипулираните зборови и да се открие јазикот на тишината“.

Не постои метода за да биде раскажано милосрдието преку слики. Паоло Руфини, директор на ТV2000 наведува дека „за да се шири милосрдието, треба да поминеме низ него, да имаме искуство со него, тогаш треба да се дели“,

Руфини истакна дека „предизвикот на телевизиската комуникација, се базира на милосрдието, се состои во способноста да се гледа најмногу на луѓето. Телевизија, која сака да го гледа светот со очите на милосрдието, не може да се плаши да биде вметната во реалноста. Таа не се затвора во своите студија. Не продава евтини соништа. Таа се среќава со луѓе од крв и месо во вистински свет, а не во виртуелниот“.

Односот помеѓу комуникација и милосрдието, од гледна точка на библијата и теологијата, беше водечката точка во изјавата на проф. Маринела Перони од Папскиот универзитет „Свети Анселмо“. Таа посочи дека „информациите и комуникацијата се две одделни операции, кои секогаш имаат потреба од посредување“:

„Папата потсетува дека станува збор за две операции кои бараат две различни способности, но и поинакво однесување: едно е да слушаш, друго е да ги слушнеш. За да се дојде до слушнување, а не само до слушање, потребно е посредување кое задолжително поминува низ сигнализирањето на срцето: а тоа, во библиската традиција, не е ниту сентиментален, ниту емоционален, ниту возбудлив факт: сигнализирањето на срцето е мудроста за животот и за начинот на живот, кои секој човек успеал да ги изгради кај себе преку своето искуство во животот“.

Посредство на срцето е патот кон милосрдието:„Кога комуникацијата поминува низ срцето, кога е измешана со мудроста на животот и начинот на живот, таа станува апостол на милосрдието“.

Одговарајќи на прашањето за реформата на Ватиканските медиуми, монсињор Вигано посочи дека овој процес веќе е одобрен од Кардиналскиот совет и ќе биде претставен и илустриран откако внимателно биде воспоставен јасен проект кој се однесува на повеќе од 700 лица, вклучени во реформата. Монс. Вигано истакна дека реформата нема да биде бескруполозна кон луѓето. „Имаме 700 луѓе, 700 семејства, 700 патишта“, а кога ќе најдеме решение кое не вклучува бескруполозност кон луѓето, тогаш ќе го претставиме“ – рече монс. Вигано.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот