Молете со помош на Светата Бројаница

 

Бројаницата е како врата. Помина можеби многу време од кога последен пат сте молеле Бројаница, можеби сакате повторно да се обидете. Можеби тоа ќе биде во приватност, во вашата соба, можеби вечер пред спиење. Или можете да станете активни вклучувајќи се доколку Бројаница се моли за време на молитвена средба во вашата парохиска црква.

Богородица нема да каже: „Види кој се одлучил да се врати и да поразговара“. Исус постојано нагласуваше: Не е важно каде сте биле, туку каде сте сега и каде одите. И луѓето кои „заборавиле да молат“ понекогаш сфаќаат дека структурата на Бројаницата потикнува да направите нешто одредено, со што ги доведува назад во врска со молитвата. Десетка од Бројаницата која се состои од десет Радувај се Маријо може да се измоли за пет минути.

Со текот на годините, биле предложени теми за медитација и размислување додека се повторува Радувај се Маријо. За да можеме да размислуваме за целиот живот на Богородица и нејзиниот Син со некои правила, направен е план за размислување за одредени таинства по денови. Радосните таинства се предлага да се молат во понеделник и сабота, жалосното во вторник и петок, светлото таинство во четврток, а славното во среда и недела.

Ако ви се допаѓа, поврзете се со оваа традиција. Но ако нешто радосно, жалосно или славно се случува во вашиот живот, можеби е најдобро да го изберете таинството кое одговара на вашата ситуација и на вашето расположение, без оглед кој ден е во седмицата. Молете креативно со помош на Бројаницата.

Кој ја измислил бројаницата?

Една традиција зборува дека Светата Бројаница е дело на свети Доминик кој ја раширил љубовта кон оваа молитва преку своите следбеници, доминиканци. Знаеме дека во 12 век луѓето користеле зрнца за да ги бројат молитвите кои ги знаеле на памет. Во текот на неколку стотина години бројот на овие зрнца, молитвите кои ги рецитирале и таинствата кои ги паметеле, добиле форма. Тоа за нас значи дека молитвата ја „измислиле“ луѓе, за луѓе кој ја љубат Богородица и нејзиниот Син. И ние самите можеме да „измислиме“ своја Бројаница или други креативни начини на молитва.

Сакам да молам за работи/нешта. Дали мислите дека бројаницата е молитва за мене?

Претпоставувате дека под работи се подразбира проблеми и грижи како насилства, сиромаштво, еколошки проблеми и потреба за праведни водачи. Било каква молитва, вклучувајќи ја и Бројаницата, може да биде во корист за таквите проблеми. Не смееме ни една молитва да ја земаме како замена за тоа што можеме да го направиме, но не е можно дирекно да влијаеме на секој проблем кој не мачи. Навистина, сакам да кажам дека молитвата има силно влијание без разлика дали се користи за луѓе или работи.

 

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<