Мисија без евангелизациска страст е невладина организација

Светиот Отец на 4 јуни 2016 година се сретна со националните управители на Папските мисиски дела и оние кои работат за Конгрегацијата за евангелизација на народите. Средбата е организирана по повод 100 годишнината од основањето на Папските мисиски дела кој ги основал блажен Паоло Мана.

Папата Фрањо на учесниците им рече дека Светиот Дух ја води Црквата кон секогаш подлабокото разбирање на сопствената мисионерска природа што „созреало на Вториот ватикански собор.“

Блажен Паоло Мана ја нагласувал важноста за формација на епископите и свештениците, a преку нив и нa  лаиците за мисии. Меѓутоа – истакна Папата – тоа нагласување на формацијата на клерот не значи сведување на Папските мисиски унии на едноставна клеричка реалност. Наместо тоа ја подржува „хиерархијата во служба на мисиската природа на Црквата“, а таа природа е соодветна за сите членови на нивен посебен начин. Така – рече – пастирите помагаат Црквата да биде и насекаде да биде во состојба на мисија.

„Мисијата ја прави Црквата“ – рече Светиот Отец – „и ги поврзува нејзините верници со Божјата спасоносна волја.“ Од своите слушатели побара да се фокусираат на трајната формација во мисиите со накана за „служење и хранење на мисиското послание на целата Црква.“ Иако организираните мисиски настојувања се важни – истакна Светиот Отец – потребна е одредена страст, мистика. „Се плашам дека вашата работа може да остане многу организирана, совршено организирана, но без страст“ – а така би можела да работи и невладина организација – предупреди Папата – додавајќи: Мисија без „мистиката на светците и мачениците“ е бескорисна. Но, нешто треба да се жртвува, ја жртвуваме организацијата и одиме напред со мистиката на светците.

На крајот ги повика управителите и соработниците на мисиските општества да се вклучат повторно во размислувањето за своето послание со цел „соодветна реформа на методата“ и „автентична обнова“.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот