Милосрдието е пат кој започнува од срцето и доаѓа до раката
Милосрдието е пат кој започнува од срцето и доаѓа до раката односно до делата на милосрдието – рече папата Фрањо на Генералната аудинција на 10 август 2016 година. Приближувајќи се до Вратите на милосрдието се приближуваме до Исусовото милосрдно срце.
Во катехезата Папата се осврна на делот од Евангелието според Лука во кој Исус го оживува синот на вдовицата од Наин. Сепак – како што рече – во центарот на тој извештај не е големото чудо на оживување, туку „Исусовата нежност кон мајката на момчето.“ Милосрдието овде станува „големо сочувствување.“
Светиот Отец им препорача на поклониците поминувајќи низ Светите врати да се сетат на тој евангелски извештај. „Кога Исус ја видел таа расплакана мајка, таа влегла во неговото срце! До Светите врати секој од нас доаѓа носејќи го сопствениот живот со неговите радости и страдања, планови и неуспеси, сомнежи и стравови за да го предаде на Господовото милосрдие. Сигурни сме“ – рече Светиот Отец – „дека Господ се приближува до секој од нас за да ни го донесе и да ни го пружи својот силен и утешителен збор: „Не плачи!“ Тоа е вратата на средбата на болката на човештвото и Божјото сочувствување.“
Преминувајќи низ Светите врати правиме „ходочастие во Божјото милосрдие.“ Бог тогаш како и на починатото момче ни говори: „Тебе ти велам стани!“ „Бог нè сака на нозе. Нè создаде за да бидеме на нозе“ – додаде папата Фрањо, напоменуваќи дека и кога многу пати ќе паднеме клучниот збор останува ист: „Напред, стани!“
„Исусовиот моќен збор може да нè подигне и да оствари во нас премин од смрт во живот. Неговото Слово нè оживува ни дарува надеж, го крепи измореното срце, ни го отвора погледот за светот и животот кој оди над страдањето и смртта“ – рече Светиот Отец.
Оживувајќи го момчето Исус „го предаде на мајка му.“ Таа „по втор пат станува мајка, но синот кој сега го примила не доби живот од неа. Мајката и синот ги примаат така сопствените идентитети благодарение на Исусовиот моќен збор и неговиот гест на љубов. На тој начин посебно во текот на Јубилејот мајката Црква ги прима своите деца препознавајќи го во неа животот кој е дар на Божјите милости. Благодарение на таа милост, милоста на Крштението Црквата станува мајка и секој од нас станува нејзино дете“ – објасни Папата.
Исусовото чудесно дело не е наменето само за вдовицата и нејзиниот син не е гест на добра волја ограничена само на оној град. Во тоа милосрдно дело „Бог излегува во пресрет на својот народ“ – рече папата Фрањо. Истакна дека посакува Јубилејот на милосрдието да се слави не само во Рим, туку и во сите локални Цркви во светот „како целата Црква распрсната по светот се обединува во една единствена песна на благодарност до Господ.“
Приближувајќи се до Вратите на милосрдието се приближуваме до Исусовото милосрдно срце. „Тој е вистинската врата која води до спасение и дарува нов живот“ – нагласи Светиот Отец. „Милосрдието, дали во Исус, дали во нас, е пат кој започнува од срцето и доаѓа до раката“, а тоа значи дека „со новото срце, срцето кое Исус го излекувал со рацете прави дела на милосрдието настојувајќи да помогне, грижејќи за многумина во потреба“ – заврши Папата.
РВ/к.мк