Училиштата и градинките во целиот свет учествуваа во иницијативата која ја иницираше Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“, со наслов „Милион деца молат Света Бројаница“. Материјалите за таа молитвена кампања се преведени на 23 јазици меѓу кои исто така арапски и неколку африкански идиоми.
Ја охрабрувам оваа убава манифестација во која учествуваат деца од целиот свет, која ќе молат посебно за критичните ситуации предизвикани од пандемијата – со тие зборови папата Фрањо на крајот од пладневниот наговор во неделата на 11 октомври посети на иницијативата на Папската фондација за помош на Црквата во неволја со наслов „Милион деца молат Бројаница,“ која се одржа на 19 октомври, а во неа учествуваа деца од училиштата и градинките од целиот свет.
Иницијативата сака да биде собирна молитва до Дева Марија за единство и мир во светот, но и за решавање на здравствената и економската криза предизвикани од пандемијата. Материјалите за таа молитвена кампања се преведени на 23 јазика меѓу кои и на арапски и на неколку африкански јазици. Во иницијатива се вклучија 80 земји на сите континенти, од Гана до Сирија и Папа Нова Гвинеја. Кампањата е започната во 2005 година во Караказ во Венецуела, кога неколку деца се собраа на молитва пред статуата на Пресвета Богородица, а ги вдахнале зборовите од светиот Пио од Пиетрелчина: Кога милион деца ќе молат Бројаница, светот ќе се промени.“
Од 2008 година иницијативата ја поддржува Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“ која во последните две години организира настан на светско ниво. Во сегашната криза целиот свет беше и сѐ уште е изложен на невидливиот вирус заради кој починаа повеќе од стотина илјади луѓе и кои доведе до изворедни во овој момент непредвидливи, општествено-економски последици – рече кардиналот Мауро Пијаченца, претседател на Фондацијата „Помош на Црквата во неволја Интернационал“ – и додаде, нашиот свет не е повеќе ист како порано, тоа што порано се подразбираше секога повеќе не е така.
Ватикан њуз/к.мк