Драги деца
Повторно доаѓаме кај вас затоа што ни е потребна вашата помош. Сигурно сте слушнале дека денешниот свет е полн со војни, кавги, глад и неволји. Ние возрасните понекогаш мислиме дека повеќе нема излез. Но, токму вие, децата можете да помогнете како никој друг. Еднаш Исус сакал да ги благослови децата, а учениците им забранувале да се приближат, a Исус им рекол:
„Оставете ги децата да дооѓаат кај Мене, и не пречете им, зашто на такви е Царството Божјо!“ Исус на децата им дарувал посебна моќ, да Му помогнат со молитвата, за злото во светот да биде победено. Затоа ве повикуваме и оваа година на заедничка молитва Бројаница за мир во светот. Молитвата Бројаница има голема сила и моќ. Кога ја молиме, ја држиме за рака Богородица и Таа со нас може да измоли од Својот Син Исус Христос вистински чуда. Такво чудо доживеала света Марија Алфонсина од Палестина, чија приказна сега ќе ви ја раскажеме.
Година 1886, ден 14 април се случило нешто неверојатно: Дванаесетгодишната Нусеира Хабиб доброволно се пријавила да ги исчисти подовите во куќата на чесните сестри. Тогаш немало вода од водовод како денес, туку морало да се оди на бунар со сад за да се донесе вода, односно кофа во која ќе се наполни водата. Во прв момент се одело добро, но после некое време спомнатото девојче ја изгубило силата и наполнетата кофа со вода ја повлекува со себе во бунарот. Сестра Катерина видела се и повикала помош која за неколку минути пристигнала кога неколку мажи дошле со сајли, спуштајќи ги во бунарот. Во неколку наврати се гледало девојчето како скока на површината на водата, останувајќи без сила и не можела цврсто да се фати за сајлата. Во меѓувреме дошле нејзините родители, се собрало мноштво луѓе кои гласно плачеле. Никој не можел да помогне. Тогаш с. Алфонсина ги повикала децата кои се собирале околу неа во Црквата пред Дарохранителницата. Молеле со целото срце заедно за својата пријателка. Потоа с. Алфонсина брзо истрчала назад кај бунарот фрлајќи ја својата Бројаница на девојчето во бунарот. Гласно извикала: „Царице на Бројаницата, спаси го детето и помогни ни во нашата голема неволја!“
Возрасните издишувале со неверување: „Малата е потоната, лежи речиси еден час на дното на бунарот.“ Но, с. Алфонсина не прекинала. Се вратила назад кај децата во црквата и молела Света Бројаница. Сестра Катарина која останала кај бунарот, исто така верувала дека Мајка Божја ќе биде услишена од Бог. Заради тоа фрлила уште една сајла на дното на бунарот. Тогаш сајлата се поместила. Кога сестрата со помош на еден човек ја извлекла сајлата.
Замислете чудо – ја виделе Нусеира со Бројаницата околу вратот. Како ништо да не се случило, ја прегрнало девојчето својата учителка и ѝ рекла: „Додека бев во водата, почувствував како една осветлена Бројаница паѓа на мене, на мојот врат и на рацете. Бунарот беше целосно осветлен. Се чувствував во водата толку добро како во некаков кревет. Здогледав на врвот на бунарот мноштво луѓе и еден глас ми викна: „Фати ја сајлата!“ Ја фатив и брзо излегов надвор.“ Веднаш с. Катарина ја објавила радосната вест на с. Алфонсина. Нусеира целата восхитена сведочела: „Бев многу среќна заради сето тоа што го доживеав преку Бројаницата која го осветлуваше бунарот. Речиси ми е жал што толку брзо сум извелечена надвор!“ Од тогаш Нусеира моли Бројаница со сестрите секој ден, разгласувајќи им на сите кои сакаат да слушнат за нејзиното чудесно спасување.
Ви благодариме за вашата молитва!
Црква во потреба/к.мк