Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за месец ноември 2023 година е посветена За искоренување на сиромаштијата, а гласи:
Господ да ја излее Својата благодат врз сиромашните, децата погодени од неухранетост, невработените, оние кои се без здравствена заштита, без дом, храна и огрев.
Господ нека ги поттикне нашите срца да бидеме отворени и чувствителни на нивните потреби и да им помогнеме со нашите дарови. Да не го вртиме погледот на другата страна, туку да ги погледнеме во очи и да го препознаеме Христос, кој е во нив и со нив.
к.мк