Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за јули 2024 е посветена за предизвиците во светот
Во месечната молитвена накана за месец јули 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов повикува на молитва за предизвиците во светот
Светот се соочува со различни предизвици кои можат да имаат големи влијанија врз човештвото и да го променат начинот на живот, како и односите меѓу луѓето. Вештачка интелигенција, технолошкиот развој, биоетиката, се само дел од предизвиците со кои мора да се соочи човештвото и да даде јасни одговори, кои преку конкретни правни, безбедности и морални норми ќе се дефинира односот на човекот со технологијата, а вредноста на човекот да се стави пред напредокот и профитот.
Во молитва и понизно срце да се обратиме на Бога да нѐ придружува и да не нѐ остава сами со непознатото и нејасното. Да молиме од Господ да ни дарува мудрост за да можеме да се справиме со предизвиците со кои се соочува човештвото и со вера и надеж да напредуваме во благостојбата и општото добро и заедно да градиме свет во кој правдата и мирот ќе бидат пред профитот и моќта.
к.мк