Месец јуни посветен на побожноста Срце Исусово
Оваа година за верниците кои во славењето на празниците го следат јулијанскиот календар се падна така што крајот на месец мај посвтен на Марија и почетокот на месец јунии посветен на Срце Исусово се падна со празникот Духовден – Педесетница (Слегување на Светиот Дух). Првиот ден на празникот Педесетница се совпадна со завршницата на Мајската побожност, која во парохијата Свети пророк Илија во Радово преку целиот месец мај се слави секој ден со присуство на голем број верници. Додека вториот ден Педесетница – празник на Пресвета Троица, беше свечено прославен со молитва и подготвување на заедничко Агапе, кое во дворот на црквата го подготвија одборниците при црквата свети пророк Илија. Во таа прилика на претпладневната света Литургија во Радово служеше и проповедаше отец Петко Влов, свештеник од Апостолскиот егзархат во Софија – Бугарија, кој е парох во најблиската католичка парохија во Ново Делчево.
з.и.с.