Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација во мај организира „молитвен маратон“ на света Бројаница од 30 светилишта од целиот свет за да се стави крај на пандемијата.
Како што беше објавено во среда, 21 април, по желба на папата Фрањо, месец мај ќе биде посветен на молитвениот маратон на тема: Црквата постојано Му се молеше на Бога (Дела 12, 5) .
„Иницијативата на посебен начин ќе ги вклучи сите светилишта во светот, така што тие ќе станат промотори на Светата Бојаницата за верниците, семејствата и заедниците молејќи за крај на пандемијата“, стои во соопштението. Молитвата ќе започнува секој ден во 18.00 часот по средноевропско време, а може да се следи директно на официјалниот портал на Ватикан.
Папата Фрањо ќе ја започне молитвата на 1 мај и ќе ја заврши на 31 мај.
Ватикан њуз/к.мк