Мајка на монахиња: Преку неа Бог ми дарува нов живот

Мајка на монахиња: Преку неа Бог ми дарува нов живот

„Едита Мајиќ веќе долги години чувствувала дека Бог ја повикува на поинаков и порадикален начин на живеење. Од самиот почеток знаела кој е тој начин. Тоа било „пустенички живот“, вели Јадранка Канајет, мајка на Едита Марија од Крстот.

Сестра Едита Марија од Крстот, позната како Едита Мајиќ, хрватска актерка која ја прекинала кариерата за да се посвети на монаштвото во клаузурниот манастир на босоносите кармелитјанки, одлучила уште порадикално да му служи на Бог и да влезе во пустеничкиот начин на живот.

Тоа го потврди и мајката на монахињата, Јадранка Канајет, која рече дека нејзината ќерка за тоа размислувала долго време и го напуштила манастирот во Авила за да отиде на едно осамено место, со дозвола на својата поглаварка и епископот.

„Веќе долги години таа чувствувала дека Бог ја повикува на поинаков и порадикален начин на живеење. Од самиот почеток знаела кој е тој начин. Тој бил пустеничкиот начин на живот. Живот надвор од манастир на пусто и осамено место, ненаселено и во самотија. Со години се молела и прашувала, дали Бог го сака тоа од нејзе? Пустенички? Како тоа да се оствари, како да излезе од манастирот, каде да оди?“, вели госпоѓа Канајет.

Сестрата Едита Марија од Крстот, вели дека нејзината мајка, знаела дека „таа самата, без Божјата волја и помош не може да ја оствари желбата за пустенички начин на живот“.

„Со нејзината молитва, читањето книги за светците пустеници и општо за пустеништвото, нејзината желба од ден на ден сѐ повеќе растела. И така седум години. Едита чекала. Ја чекала Божјата волја.

Бог не се откажал од намерата Едита да го следи. И се случило пред три месеци. Едита ја прифатила соработката со Бог. Одлучила да стане Негова пустеничка“, ни рече Канајет.

Нејзината ќерка, вели таа: „Одлучила да го следи својот Христос, да биде во самотија поблиску до него, потопена во љубовта, Христова љубов без двоумење и страв од непознатото. Знаела дека оди на средба со својот небесен свршеник Исус Христос и нејзината радост е неизмерлива“, вели мајката на кармелитјанката, сега пустеничка.

Таа нагласува и дека сестрата Едита ги добила „сите потребни дозволи од епископот, чесната мајка, сестрите“. Со нивен благослов го напуштила својот дотогашен манастир во кој поминала 13, 5 години.

Ја прашавме мајката на монахињата каде таа се наоѓа сега.

„Со помош на епископот пронашла место и куќа во која сега се наоѓа. Куќата се наоѓа на рид, во осаменост во еден шумски предел кој се нарекува Пустината на Христос Цар (Desierto de Cristo Rey). За сега е таму. Моментално е во реализација проектот кој го реши нејзиното долгорочно живеење самотнички начин на живот, во согласност со Божјиот план и совет “, ни одговори.

Јадранка Канајет вели дека е премногу горда на својата ќерка и „1 се восхитува на нејзината сила“.

„Ѝ се восхитувам на нејзината силна љубов кон Христос, љубов за сите души, се восхитувам и на долгите постојани молитви за спасение на сите пропаднати души. Знам дека тоа што Едита го поседува, го може, го прави, не е по нејзината сила и волја. Тоа е Бог! Тој поттикнува, љуби, сака. Всушност и таа самата, е во непрекинат однос со Него! Бескрајно сум му благодарна што прави сè за нејзе. Благодарна сум што преку Едита ми дарува еден нов живот во кој се пронајдов. Ме направи среќна и ме благослови. Фала му и слава!“, порачува.

„Пустениците се оние христијани кои се водени од желбата за христијанска совршеност и повлечени од социјалниот живот во осаменост, најчесто во пусти и неодредени подрачја“, пишува монс. Јурај Батеља во својот труд „Функцијата на пустинската духовност“.

„Монашката духовност веќе во своето настанување се карактеризира со длабока Богобарателска смисла. Единствената нејзина цел е да го љуби Бога. Да се оствари љубовта кон Бога и во Бог, беше просторот за христијанското вежбање на старите монаси. А тоа вежбање, односно да се сака потполно, да се предадеш и да се препуштиш на водство на Светиот Дух, целиот човечки живот, сите негови појави, етапи и слоеви. За нив христијанскиот живот се остварува со сфаќање и искуство на Божјата љубов. Токму затоа е желбата за целосно служење на Бог барале и копнеела за животен простор каде ќе може без пречки да бара и да ја најде Божјата љубов“, пишува Батеља.

На сестра Едита Марија од Крстот ѝ се заблагодаруваме што се осмелила и потполно се препуштила на водство на Светиот Дух и и се препорачуваме во нејзините молитви.

И ние молиме за неа и нејзината истрајност во тешкиот пустенички живот.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот