Марадона посебно импресиониран од Папата

Фудбалската легенда на Аргентина Диего Марадона по средбата со папата фрањо во четврток 23 април, изјави дека е импресиниран од својот сонародник папата Фрањо.

Поранешната аргентинска фудбалска ѕвезда Марадона, престојуваше во Ватикан како помагач на воспитната фондација Scholas, која ја помага и Папата и која организира добротворни фудбалски натпревари на кои се собираат средства за сиромашните деца.

„Разговаравме за многу работи, за волјата на играчите да дојдат и да направат нешто за децата во многу делови од светот, кои немаат што да јадат“, рече Марадона по средбата со Папата.

Во изјавата која ја пренесе Радио Ватикан, Марадона го нарече папата Фрањо „феномен“ и „фантастичен“, додавајќи. „Јас сум најголемиот подржувач на папата Фрањо“.

На прес конференцијата која ја организира фондацијата Scholas, а на која присуствуваше и Марадона, најавен е следниот хуманитарен натпревар во октомври на римскиот олимписки стадион.

На првиот „натпревар за мир“, одржан на тој стадион на 1 септември со учество на Лионел Меси, Андре Пирло и други фудбалски ѕвезди се собрани 900.000 евра објави фондацијата.

Лаудато/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот