Бракот е заедница помеѓу маж и жена – одлучно истакна Католичката црква во Малта, откако националниот парламент на 12 јули 2017 година изгласа легализација на брак помеѓу хомосексуални лица. Нормативата е изгласана со 66 гласа „за“ и само еден глас „против“.
Бракот секогаш ќе остане врска помеѓу еден маж и една жена, отворен за раѓање деца – стои во соопштението кое го потпишаа монс. Чарлс Скиклуна, надбискуп на Малта и монс. Марио Грех, бискуп во Гоза. Бракот помеѓу маж и жена е модел кој човечкиот род секогаш го прифаќал, а не само од христијански поглед – истакнуваат епископите.
Поимот „неутрален брак“ го осиромашува општеството
Сега, напротив, воведувајќи го поимот граѓански брак, отворен за сите врсти парови – напоменуваат епископите – законот на страна ги става разликите и природната взаемност која постои помеѓу мажот и жената. Меѓутоа, отстранувајќи ги тие разлики, се отстрануваат и антрополошките корени на семејството. А последица на тоа е осиромашување на општеството, бидејќи наместо да се прифатат разликите, се наметнува едноличност во начинот на кој се манифестираат човечките односи.
Почитување на достоинството на личноста
Малтешките бискупи истовремено истакнуваат дека Црквата во потполност го почитува достоинството на секоја личност, независно од донесените одлуки и започнатите односи, бидејќи за Црквата секоја личност е важна, бидејќи е создадена според образот и подбието Божјо. Од тој поглед – пишуваат бискупите – Црквата се зазема за прифаќање, придружување и помош на лицата кои избираат чувствителни врски или начин на живот кој е поинаков од христијанскиот брак.
Заштита на децата и „не“ за сурогат мајчинство
Меѓу другото бискупите ја искажаа загриженоста за заштитата на децата. Црквата се надева – стои во понатамошниот текст на соопштението – дека законот нема да биде проследен со мерки кои го понижуваат достоинството на децата, како што е сурогат мајчинство или пак дарување на полни клетки. Поради тоа упатија апел до општеството и понатаму да признава дека децата се дар и дека секогаш е потребна соодветна средина за нивно зачнување, раѓање и нивен развој, кој би требало да се одвива мирно и исполнет со љубов. Во малтешкото општество треба гласот на децата да се слушне силно и јасно – истакнуваат епископите.
Помош на семејствата
На крајот потсетуваат на потребната помош и зајакнување на семејството, и изразуваат задоволство поради безбројните мајки и татковци, кои многу се завземаат како би останале верни на своето незаменливо послание и своето посветување на децата.