Луѓето во папата Фрањо гледаат Божји човек
Централноафриканска Република, каде што Светиот Отец ќе престојува на 29 и 30 ноември, нетрпеливо ја очекуваат средбата со папа Фрањо. Големо возбудување предизвика видеопораката на Папата кон населението погодено од сиромаштво и тригодишна граѓанска војна. За тоа како народот ја прифати видеопораката на Папата, за Радио Ватикан говореше надбискупот Франко Копола, апостолски нунциј во Централноафриканската Република.
Со голема радост народот ја слушаше пораката на Папата. Тоа можев да го почуствувам затоа што е емитувана во салата каде што е Одборот за подготовка на патувањето на Папата. На емитувањето на пораката беа и некои министри од владата. Луѓето имаа насолзени очи. Многумина се загрижени поради посетата на Папата на Централноафриканската Република, многумина го советуваа Папата да не доаѓа. Кога луѓето ја почуствуваа одлучноста на Папата за доаѓањето и кога ги поздрави говорејќи им „до скоро видување“, сите силно се возбудија – истакна нунцијот Копола.
На прашањето за проблемите во Централноафриканската Република, рече дека оваа држава има многу сериозни проблеми. Тригодишната војна создаде големи проблеми. Луѓето на насилството сé уште одговараат со насилство, односно со освета и така сé повеќе товарот на толпата боли, не прекинува насилството. Сите се надеваат дека патувањето на Папата би можело да донесе барем малку помирување и народот повторно да поверува дека мирот е можен. Народот во Папата гледа Божји човек, личност на мирот, личност блиска на сиромашните. Сите се надеваат дека Папата ќе донесе сила за да се сврти страницата, на насилството да не се одговара со насилство, да се тргне по друг пат – рече надбискупот Копола.
РВ/Б.Р.