Куба: Прва нова Црква после револуцијата во 1959 година
Католичката црква во Куба доби дозвола за изградба на нова црква, која ќе биде прва на островот по револуцијата во 1959 година.
Според информации од архиепископијата во Хавана, пренесена од агенција Фидес, црквата ќе биде изградена во западната провинција Пинар дел Рио.
Новата црква ќе биде посветена на Пресветото Срце Исусово, објаснува еписокопот на епархијата Пинар дел Рио, монс. Хорхе Енрике Серпа Перес. Таа ќе биде изградена на површина од 200 квадратни метри, во центарот на Сандино, најголемата општина во покраината. Според податоци на архиепископијата во Хавана, 60% од кубанското население се декларираат католици (11,1 милиони), има 650 цркви, 340 свештеници и 600 лица со богопосветен живот.
Дозволата за изградба на новата црква е во контекст на „помирување” меѓу Католичката Црква и кубанската влада, започнато по посетата на Иван Павле II, при што е побарано дозвола за јавни религиозни настани, прогласување на Велики Петок за празник, како и други прашања, меѓу кои и враќањето на црковниот имот.
РВ/го*ко