Крешимир Милетиќ католички активист, претседател на „Здружение за промовирање на семејни вредности – Блажен Алојзиј Степинац“ и татко на пет деца на Фејсбук објави статус во кој ги коментира реакциите на одреден број верници кои се предизвикани од зборовите и делата на папата Фрањо. Статусот го пренесуваме во целост:
„Војтила го пукаа со куршум, а Фрањо со лаги“
Што е поубиствено?
Според инфантилните реакции и наседнувања на голем број католици на континуирана клевета, извртување на наводно изречени изјави, вадење од контекст, создавање на атмосфера на постојана вознемиреност „Што сега ново погрешно или еретички ќе изговори, направи… заклучуваме дека лагата е многу поубиствена од куршумот.
Бедно е ова исмевање, навреди, недоверба кои се сеат кон папата Фрањо кој самиот Исус го избра за да ја води Црквата.
Воопшто немам ниту трошка намера да „дебатирам“ со оние кои целата таа кал, смрдеа, лага и конструкција ќе се обидат да ги врзат во прекрасен целофан наводна грижа за Црквата, вознемиреност околу насоката во која Црквата оди, нивното чувство за поврзаност за да глумат форензичари на изјавите, мислите и потезите на Папата.
Денес можеби повеќе од било кога, блазе на оние кои го избираат патот на едноставноста. Да бидеш едноставен во прифаќањето на она што Црквата одлучува, планира, спроведува. Да се биде едноставен во слушањето. Да се сака да се слушне. Не слушање кое е „слушање во заседа“, слушање кое нема ниту трошка отвореност за пораката која ја испраќа Господ преку своите намесници на земјата.
На такви слушања се нагледав и премногу. Жалосно е колку „теолози“ одеднаш меѓу верниците. Слушањето е тоа кое е всушност став на длабока горделивост во која Папата стои пред испитната комисија за секој наводно изговорен збор, а не став на ученик пред учителот, пред некој кој токму денес, токму во оваа време може и треба да ти го донесе зборот на вистината.
Се чувствуваш готов, довршен? Се чувствуваш дека си докторирал вера? Далеку е тоа и од верата и од ставот на УЧЕНИК. А Исус нè вика ученици и нè повикува да бидеме во тој став на ученик. Како ви требало овие да ги наречеме? Учители?
Така денес стана модерно да глумиме еден вид на религиозни „гурмани“, пребирливи, помодари, номади кои трагаат наоколу за свештениците „кои мислат како јас“. Или кои критикуваат како јас. Кои за наводните изјави на Папата читаат од нејасни портали на кои најверојатно единствена вистина им е датумот во заглавјето.
Сатаната сее недоверба. Токму како во Едемската градина. И добро знае дека лагата е посилно оружје од куршумот. Посебно за генерација зависна од голтањето на лаги од различни портали и млатење по социјалните мрежи.
Го сакам папата Фрањо. Ти благодарам Боже за дарот на Светиот Отец. Ти благодарам за Црквата. Ти благодарам за нашите епископи. Ти благодарам за паросите, за сите свештеници, монасите и монахињите!“