Немојте да паднете во глупоста која се состои во неспособноста за слушање на Словото Божјо и корупцијата, рече папата Фрањо на светата Литургија на 17 октомври 2017 година, во домот Света Марта.
Исус плаче кога народот се оддалечува заради глупости, давајќи предност на надворешноста, идолите и идеологиите. Денешното размислување на Папата започнува со зборот „безумни“ кој Исус им го кажува на фарисеите, а свети Павле исто така на христијаните, бидејќи дозволиле да ги заведат „нови идеи.“ Тој збор е знак, толкува Папата, бидејќи го покажува патот на лудоста кој води до корупција.
На книжниците Исус им рекол дека се слични на варосани гробови, бидејќи се грижеле само за надворешните работи, а не за она што е внатре, каде се наоѓа корупцијата. Биле корумпирани со суети, со изгледот, надворешната убавина и надворешната правда. Поганите биле корумпирани со идолопоклонство, ја замениле славата Божја, која можеле да ја запознаат преку разумот, со идоли. И денес постои идолопоклонство, како што е потрошувачката, рече папата Фрањо, или барањето на богот – комотност. Овде на крајот се и христијаните кои станале корумпирани со идологиите, а тоа значи дека престанале да бидат христијани и станале идеолози на христијанството.
Глупоста која им е заедничка на овие три групи на луѓе е недостатокот на слушање. Неспособноста за слушање на Словото Божјо настапува кога Словото не влегува, не му дозоволуваме да влезе, бидејќи не го слушам. Будалата не слуша. Тој мисли дека слуша, но не слуша. Тој секогаш прави по свое и заради тоа Словото Божјо не може да влезе во срцето и нема место за љубовта. А ако влезе, влегува претворено во моето сфаќање за реалноста. Будалите не знаат да слушат. И таа глувост ги води до корупција. Словото Божјо не влегува, нема место за љубовта и на крајот нема место за слободата.
Тие луѓе не се слободни и таа неспособност за слушање, таа глувост, не остава простор ниту за љубовта, ниту за слободата, води секогаш во ропство. Го слушам ли јас, Словото Божјо, директно праша Светиот Отец и додава, дозволувам ли да влезе или станувам глув за него, го претворам ли во она надворешното, во идолопоклонство или во идеологија. Ако не влегува, тоа е лудоста на христијаните, истакна Папата.
Глупоста му прави зло на Божјиот народ. Ако паѓам во ова глупост, се оддалечувам од Исус и Он плаче, плачел и над Ерусалим, бидејќи се оддалечил од Него заради глупоста, давајќи предност на надворешните работи, идоли, и идеологии, рече на крајот Светиот Отец.
РВ/к.мк