Книга на епископот Стојанов: Црквата во служба на човекот
„Црквата во служба на човекот“ е насловот на книгата на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, која неодамна излезе од печат. Оваа богата духовна литература претставува збир на предавања и размислувања, кои бискупот Стојанов ги одржа на настани поврзани со Година на семејството 2014/2015 и Година на посветениот живот 2015 година. Издавач е ДГУП „Софија“ Богданци, а рецензент о. д-р Зоран И. Стојанов.
Книгата „ Црквата во служба на човекот“ е составена од два дела. Во првиот дел се пастирски писма и насоки во пресрет на вонредната и редовната Епископска синода во Рим 2014 и 2015 година. Во нив темелно се обработуваат размислувања за пасторалот со семејствата како основна клетка на човечкото општество. Преку молитви, размислувања, предавања и богослужби е направен обид на примерен начин темите на тие две синоди да бидат овоплотени во нашата месна Црква.
Вториот дел од книгата е одговор на темата на Бога посветениот живот што е одреден по повод од 500 годишнината од раѓањето на една од најголемите монахињи света Тереза Авилска, научителка на Црквата. Размислувањата и средбите се посебно богатство не само за лицата посветени на Бог, туку и за секој верник, бидејќи подобро ќе можат да ги запознаат лицата кои својот живот му го посветуваат на Бога, како и поединечните харизми, кои се во Црквата како дар од Светиот Дух.
Оваа вредна духовна литература, која е напишана со огромна пастирска љубов, може да се набави во сите цркви на Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија.
к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Телеграма со честитки од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија
