Католичките парохии обезбедија засолниште за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Католичките парохии обезбедија засолниште за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Неколку католички парохии ги отворија вратите за семејствата евакуирани од нивните домови додека шумските пожари продолжија да се шират низ делови од округот Лос Анџелес во средата, на 8 јануари 2025 година.

Семејството Ломбардис од Атладен е едно од семејствата кои нашле засолниште во спортската сала на училиштето Свети Андреј.

Католичката црква Света Моника во истоимениот град беше отворена речиси до полноќ во вторникот вечерта, нудејќи им на евакуираните лица од блискиот Палисадес место каде што можат да се освежат, да се закрепнат со храна и да ги наполнат своите уреди, рече Мерик Сибеналер, од Света Моника. „Имаме десетици и десетици парохјани и семејства на ученици кои изгубија сè“, рече Сибеналер.

Парохиската сала повторно беше отворена за евакуираните во средата наутро, но мораше да се затвори попладне откако пожарникарите областа ја прогласија за дел од „опасна зона“.

Постар брачен пар од Света Моника ноќта ја поминал во парохиската куќа, откако свештеникот монсињор Лојд Торгерсон дознал дека биле евакуирани од областа Палисадес. Друго семејство чиј дом во Пацифик Палисадес бил загрозен од пожарот, во вторникот биле на молитва во Света Моника, а кога за неколку часа дознале дека куќата им е уништена од пожар, се вратиле и учествувале во молитвата со монсињор. Торгерсон.

Во меѓувреме, во средата попладне, црквата „Пресвето Срце“ во областа Линколн Хајтс во Лос Анџелес ја отвори својата сала за да им стави на располагање вода, храна и маски за евакуираните и жртвите од пожарите во областа. Засолништето било управувано од градот Лос Анџелес, но претставниците на локалниот совет на Друштвото на Свети Винко Паулски доброволно се пријавиле да волонтираат за да дистрибуираат залихи, вклучително и бебешка облека и пелени.

Откако наставата била откажана во училиштето Свети Андреј во Пасадена, директорот Џе Ким ја отвори училишната спортска сала за семејствата на кои им требаше одмор и засолниште од загадениот воздух.

„Не можете да бидете надвор овде во Пасадена, воздухот е навистина лош. Тоа е опасно и токсично“, рече Ким, додавајќи дека секој час добива повици од некое семејство кое изгубило сѐ. „Што друго може да се направи? Можете да ги прегрнете, да се молите со нив и да ги слушате најдобро што можете“, заклучи директорот Џе.

кта/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот