Катехеза на папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда: Воскресение на телото

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денес повторно се враќам на тврдењето: „верувам во воскресение на телото“. Станува збор за една вистина која не е едноставна и која само по себе не се открива, бидејќи ние кои живееме потопени во овој свет не е лесно да се сфати идната реалност. Но Евангелието нѐ просветлува: нашето воскресение е тесно поврзано со Исусовото воскресение; фактот дека Он воскресна е доказ дека постои воскресение на мртвите. Сакам да претставам некои аспекти поврзани со односот помеѓу Христовото и нашето воскресение. Он воскресна и бидејќи Тој воскресна и ние ќе воскреснеме.

Пред сѐ, само Светото Писмо содржи еден поход кон полна вера во воскресение на мртвите. Таа се изразува како вера во Бог створител на целиот човек – душа и тело – и како вера во Бог ослободител, Бог верен на сојузот со својот народ. Пророк Језекиил во едно видение гледа гробови на депортирани кои повторно се отвораат и суви коски кои оживуваат благодарание на внесување на животворен дух во нив. Тоа видение изразува надеж во идното „воскреснување на Израил“, т.е. во повторно раѓање на поразениот и понижениот народ (Језекиил 37, 1-14)

Исус во Новиот Завет ја доведува таа објава до полнина и го поврзува верувањето во воскресението за самата своја личност и вели: „Јас сум воскресение и живот“ (Иван 11, 25). Имено, Исус Господ на последниот ден ќе ги воскресне оние кои верувале во него. Исус дојде меѓу нас, стана човек ист како нас, освен во гревот; на тој начин нѐ поведе со себе на патот кон враќањето кај Отецот. Он, овоплотено Слово, Кој умре и воскресна за нас, го дава на своите ученици Светиот Дух како гаранција на полно заедништво во неговото славно Царство, кое будно го чекаме. Тоа очекување е извор и причина на нашата надеж: надеж која ако се негува и чува, – наша надеж, ако ја негуваме и чуваме – станува светло кое ја просветлува како нашата лична, така нашата заедничка историја. Секогаш да го имаме тоа на ум: ние сме ученици на Оној кој дојде, кој доаѓа секој ден и кој ќе дојде на свршетокот. Ако успееме да бидеме сѐ повеќе свесни на таа реалност, нашето секојдневие би било помалку макотрпно, би биле помалку заробеници на оној минилив свет, а повеќе подготвени милосрдни срца кои се упатуваат на патот на спасението.

Вториот аспект: што значи да воскреснеме? Воскресението на сите ќе се случи на последниот ден, на свршетокот на светот, а ќе го изврши семоќниот Бог кој ќе го врати животот на нашето тело соединувајќи го со душата, силата на Исусовото воскресение. Тоа е темелно објаснување: затоа што Исус воскресна и ние ќе воскреснеме; ние имаме надеж во воскресението, бидејќи Тој ни ја отвори вратата на воскресението. А тоа преобразување на нашето тело се подготвува во овој живот во односот со Исус, со светите Тајни, посебно со Евхаристијата. Ние, кои во овој живот се храниме со неговото Тело и неговата Крв ќе воскреснеме како Него, со Него и по Него. Како што Исус воскресна со своето сопствено тело, но не се врати во земскиот живот, така и ние ќе воскреснеме со нашите тела, кои ќе бидат преобразени и прославени тела. Тоа не е лага! Тоа е вистина. Ние веруваме дека Исус воскресна, дека Исус е жив во овој момент. Но верувате ли вие дека Исус е жив? И ако Исус е жив, мислите ли дека ќе дозволи да умреме и дека нема да не воскресне? Не! Тој нѐ чека, и затоа што Он воскреснл, силата на неговото воскресение ќе нѐ воскресне и нас.

Трето: веќе во овој живот имаме во себе соучество во Христовото воскресение. Ако е вистина дека Исус ќе нѐ воскресне на крајот на времето, исто така е вистина дека сме, во одредена смисла, со него веќе воскреснати. Вечниот живот започнува веќе во овој момент, започнува во текот на целиот живот, кој е упатен кон тој час на конечно воскресение. И веќе сме, имено, преку кршението воскреснати, вклучени сме во Христовата смрт и воскресение и имаме учество во новиот живот, кој е негов живот. Затоа, исчекувајќи го последниот ден, го имаме во себе семето на воскресението, како предвкус на полното воскресение кое ќе го примиме во наследство. Заради тоа и телото на секој од нас е оддек на вечноста, треба секогаш да го почитуваме; главно треба да го почитуваме и љубиме животот на оние кои трпат, за да ја почувствуваат близината на Божјото царство, онаа состојба на вечниот живот кон која чекориме. Таа мисла ни дава надеж: ние чекориме кон воскресение. Да го видиме Исус, да се сретнеме со Исус: тоа е нашата радост! Ќе бидеме сите заедно – не на овој плоштад, туку на друга страна – но радосни со Исус. Тоа е она кон кое што одиме!

Апел на Папата

Сакам сите да ги повикам да молат за монахињите од православниот манастир света Теклаа во Малули во Сирија, кои пред два дена со сила се одведени од вооружени лица. Да молиме за тие сестри и за сите заробеници во војната која и понатаму трае. Да продолжиме да молиме и заедно да работиме за мир.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот