Кармелитките нема да ги напуштат луѓето во нивното страдање

Босоногите кармелитки одлучија да останат во манастирот во Алепо и покрај постојаното бомбардирање од страна на руските и сириските сили. „Бомбите паѓаат насекаде околу нас, но ние нема да ги напуштиме луѓето во нивните страдања“ – рече сестра Ана-Франсоис за организацијата Помош на Црквата во неволја.

Кармелитскиот манастир се наоѓа на периферијата од Алепо, град кој е под постојана опсада. „Кога сириската војска се обиде да ги спречи опозицијата и другите групи да влезат во градот, бомбрадирањето и гранатирањето ни е навистина близу“ – рече сестрата,  а пренесе Католик Хералд.

Кармелитките објаснија дека многу жители од Алепо – вклучувајќи ги и христијаните – го напуштиле градот кога војната започнала и останале само најсиромашните. Монахињите вдомија повеќе семејства чии куќи се уништени во бомбардирањето. Ситуацијата е навистина тешка. Немаме вода, немаме струја, а престрелките се сè почести – рече сестра Ана-Франсоис.

Од 160 илјади христијани кои живееле во Алепо пред војната, сега се останати само 40 илјади. „Блискиот Исток, Христовата земја, сега е во опасност да остане без христијани. Тоа е незамисливо. Ситуацијата е навистина страшна“ – додаде сестрата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот