Кардинал Шонборн: Бенедикт XVI овозможи обновување на Црквата

Виена, 23.5.2013 /к.мк/ – Бенедикт XVI со своето повлекување од службата „ја призна сопствената слабост и своите граници” што овозможи „Духот Божји да може да делува” и доведе до чекори во Црквата кои обновуваат. Ова го рече кардиналот Христоф Шонборн, на светата Литургија на празникот Педесетница, на која присуствуваа повеќе од 4.000 верници, вклучувајќи и бројни туристи кои кардиналот ги поздрави на неколку јазици, во катедралата Свети Стефан во Виена. Бенедикт XVI пред три месеци направи нешто, што резултираше со тоа многумина во Црвката да ги отворат своите срца. Исто така овозможи во пресрет на конклавата во синодалната сала да се зборува многу отворено. „И одеднаш имаше говори за слабоста, бидејќи Светиот Дух вели: слегни од висините; признај дека ти е потребна помош. Светиот Дух понатаму во текот на конклавата „даваше знаци” така за Папа е избран оној „кој не беше во нашите планови – ниту во плановите на новинарите и медиумите”, рече виенскиот кардинал

Австрискиот кардинал потсети и на последната средба на некогашните студенти на папата Бенедикт XVI одржан во 2012 година во Кастел Гандолфо. Таму се разговараше на тема: Црковно заедништво и екуменизам. На оваа средба Бенедикт XVI истакна: „Верувам дека смислата на екуменизмот е едни со други да се слушаме и едни од други да учиме како да бидеме христијани во денешниот свет.

(Б.У.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<