Кардинал Турксон: Работниците не се роба

Да се води сметка за општествените етички начела, и да не заборавиме дека претприемачите и работниците не се роба – тоа е, накратко, препорака на кардиналот Петер Турксон, претседател на Папскиот совет за правда и мир. Кардиналот, всушност, ја прати пораката во Лисабон, по повод претставувањето на португалското издание на книгата „”Професијата менаџер на претпријатие”, која во 2012 година ја издаде споменатиот Папски совет.

Тој прирачник, односно Вадемекум – како што ја нарече кардиналот – сака да го истакне силното, и сѐ поголемо интересирање на Црквата во давање насоки за размислување на подрачјето на економијата. Црквата не мисли да покаже со прст на било кој, туку на менаџерите на фирмите сака да им помогне во разбирањето на општествените последици кои верата ги има во светот на трговијата, за да се делува во склад со нив – додаде кардиналот.

Напоменувајќи притоа дека добрата менаџерска активност е богатство и за општото добро, кардиналот Турксон истакна дека претприемачот, а ни работникот не се роба. Затоа потсети на трите цели истакнати во споменатата книга: да се разберат предизвиците и можностите на сопствената работа; да се гледа светот во светлото на општествените етички начела, и тоа во видикот на верата; делување како преприемчи во служба на Бога. Претседтаелот на Папскиот совет за правда и мир ја заврши пораката со молитва до Богородица од Фатима, како би помогнала човекот да се стави, во своето секојдневно работење, во служба на општото добро.

Треба да се потсети дека идејата за тој прирачник потекнува од меѓународниот семинар за енцикликата “Љубов во вистината” (Caritas in Veritate) на Бенедикт XVI, одржан во Рим од 24 до 26 февруари 2011 година, во присуство на претприемачи и научници. По тој повод учесниците на семинарот одлучија да состават еден вид на водич, посветен на претпериемачите и професори по економија, кој на претприемачите ќе им ја истакне улогата на повикот,во денешен контекст на глобализирана економија, како и доприносот на основните начела на Социјалната наука на Црквата во организирањето на современи претприемачки активности. Освен на португалски, книгата е достапна и на италијански, англиски, француски, германски, арапски, полски, шпански и украински јазик, а во подготовка се преводи на кинески, корејски, тајландски и руски јазик.

Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот