Во ватиканската базилика Свети Петар во понеделник наутро, 9 октомври 2023 година, се служеше света Литургија за учесниците на синодската седница, предводени од антиохискиот грчко-мелкитски патријарх. Проповедта ја одржа антиохискиот маронитски патријарх, а во неа тој се осврна на Исусовиот повик до неговата Црква да се грижи за мажите и жените на сите времиња, почнувајќи од сиромашните и жртвите на злото во сите негови форми, вклучително и војните и злоставувањата
Свечените напеви на светата Литургија ги предводеше Јусеф Абси, антиохиски грчко-мелкитскиот патријарх, кои долго одекнуваа во ватиканската базилика, каде што учествуваа учесниците на 16. редовно генерално собрание на Епископската синода, што е во тек во Ватикан, на почетокот на уште еден работен ден. Проповедта ја одржа кардиналот Бехар Бутрос Раи, антиохиски маронитски патријарх.
Апостоли кои страдаат поради љубовта кон Христос
Кардиналот се осврна на првото литургиско читање земено од Посланието до Коринтјаните, во кое свети Павле зборува за апостолите кои завршиле на последно место заради Христа и вели: „Мислам, дека нас апосотолите, Бог нè постави најпоследни, како осудени на смрт; бидејќи станавме призор на светот (…) Кога нè укоруваат, ние благословуваме, а кога нè гонат – трпиме; кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе. (…) Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието. Затоа, ве молам, подражавајте ме мене, како што јас – Христа.
Жетвата е голема, работниците се малку
Пасусот од Евангелието според Матеј од Литургијата раскажува за Исус кој, гледајќи го мноштвото што го следеше, се сожали на нив бидејќи беа уморни и изнемоштени како овци без пастир. „Жетвата е голема, но работниците се малку – вели Учителот – Затоа молете се на господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“. Во тој пасус, почнувајќи од Петар, се спомнуваат имињата на апостолите кои Исус им ги испраќа на „изгубените овци на домот Израилев“. На патот, Исус им вели, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте, исцелете ги болните!
Патријархот Раи: Жетвата денес од нас бара одговор
Повикувајќи се во својата проповед на евангелскиот пасус, кардиналот Бехар Раи особено ги коментираше двата збора што ги кажа Исус: „жетва“ и „работници“. Во исто време, тој даде неколку примери за „жетвата“ што ја побара синодското собрание, што вклучува градење праведен мир во кој војните нема да ја крвават нашата планета; потоа грижата за нашиот заеднички дом; борбата против економскиот систем кој поттикнува експлоатација, нееднаквост и расипништво; помош на оние кои трпат прогонство до мачеништво; заздравување на раните предизвикани од злоупотреба, било да е тоа сексуална, економска, институционална, како и злоупотреба на моќта и совеста и унапредување на заедничкото човечко достоинство што произлегува од крштението.
Освен тоа, вклучува и продлабочување на братските односи со другите Цркви и дијалог со верниците од другите религии; милосрдие, пред сè, кон сиромашните и маргинализираните; промовирање на соодветна пасторална грижа за разведените кои живеат во втор граѓански брак; како и лицата во полигамни бракови – рече кардиналот и нагласи дека во центарот на пасторалните стратегии треба да се стават младите, а во христијанската заедница и општеството да се вреднуваат постарите. Вистина е дека жетвата е голема – истакна кардиналот Раи.
Господ нека не направи достојни работници
Работниците – продолжи тој – се оние кои Христос ги испрати, а кои ги води Светиот Дух, главниот протогонист во животот на Црквата и на синодалниот процес. Во Instrumentum laboris, синодален документ што се разгледува на епископското собрание, се вели – забележа кардиналот Бечара Раи – дека Христос е присутен на синодалниот собир и ја преобразува историјата и секојдневните настани, и дава Дух што ја води Црквата да се усогласи за тоа како да одиме заедно кон Царството и да му помогнеме на човештвото да оди кон единство.
Работниците – истакна тој – се епископите, свештениците, монасите и монахињите, мирјаните и сите тие треба да се формираат за синодалниот начин на дејствување, односно во согласност со заедничкиот живот, учество и послание. Состојбата во денешниот свет и условите на луѓето, меѓу кои се сиромашните, бегалците, невините жртви на војните, сето тоа навистина го буди Христовото сочувство и Тој не избра нас еден по еден да ги залечиме тие рани и да се бориме за подобар свет – рече кардиналот Бехар. На крајот, Раи поттикна на молитва, Господ да нѐ направи достојни работници за неговата жетва.
Ватикан њуз/к.мк