Говорејќи на Папскиот универзитет Грегоријана, на состанокот за документите на понтификатот на Пиј XII. и еврејско-христијанските односи, државниот секретар кардинал Пјетро Паролин на почетокот на своето излагање ја изрази тагата на Папата за драматичните настани во Светата Земја и истакна: „Тероризмот, насилството, варварството и екстремизмот ги загрозуваат легитимните аспирации на Палестинците и Израелците. Нека замолчи оружјето, нека надвладее разумот“
Нападот што го изврши Хамас врз Израел во саботата на 7 октомври е „страшен и срамен“ чини го растажи Папата, кој изрази сочувство за сите загинати и ранети предизвикани од овој нов бран насилство – со тие зборови на осуда, но во исто време и на жалост, државниот секретар Пјетро Паролин ја отвори тридневната конференција што започна на 9 октомври на Папскиот универзитет Грегоријана на тема „Нови документи на понтификатот на Пиј XII. и нивното значење за еврејско-христијанските односи“.
Никогаш не можев ниту да помислам дека ќе го започнам мојот денешен говор со должната, тажна обврска да ја споделам и да ја пренесам тагата што Светиот Отец вчера ја изрази за она што се случува во Израел – рече кардиналот, седејќи до главниот рабин на Рим, Рикардо Ди Сегни. Во саботата, на празникот Симхат Тора, Радост за Тората, во Израел многу израелски браќа и сестри беа разбудени од ужасен и срамен напад. Блиски сме со семејствата на жртвите, илјадниците повредени, исчезнати и киднапирани, кои сега се во голема опасност – рече кардиналот.
Светиот Престол е загрижена поради војната
Државниот секретар истакна дека Светиот Престол со голема загриженост ја следи предизвиканата војна, во која животот го загубија многу Палестинци во Газа, а многумина се раселени и ранети. Потоа повторно ја изрази својата близина и ги вети молитвите за нивните семејства и сите цивили, целосно невини и – користејќи ги зборовите на Папата од неделното обраќање, истакна – Војната е секогаш пораз на достоинството и можност да не се дојде до решение.
За жал, тероризмот, насилството, варварството и екстремизмот ги загрозуваат легитимните аспирации на Палестинците и Израелците – додаде тој, изразувајќи надеж дека оружјето ќе замолчи и дека разумот ќе надвладее и ќе послужи за да се размисли за вистинскиот пат за постигнување мир во Израел и Палестина.
Да се постават темели за соживот меѓу Палестинците и Израелците
На маргините на конференцијата, во разговор со новинарите пред универзитетот, кардиналот рече дека се надева на решение со обид за поставување на темелите за соживот меѓу Палестинците и Израелците со примена на дипломатски инструменти на меѓународната заедница. Додека не се реши овој проблем, додека не се најде формула за мир, секогаш ќе постои можност овие работи да се повторат и секогаш со поголема суровост – предупреди кардиналот.
Ништо не научивме од историјата
Говорејќи за печатот, кардиналот ја изрази и својата вознемиреност од немирите што се случуваат во светот во овој трагичен момент, уште повеќе сега со избувнувањето на вистинска војна во Светата Земја. Тој особено ја изрази својата горчина за историјата, која изгледа дека се повторува: „Мислевме дека трагедиите што се случија во 20 век се нешто од минатото, дека никогаш повеќе нема да се повторат. Напротив, со голема тага и голема збунетост мораме да констатираме дека ги повторуваме сите грешки од минатото. Историјата ништо не нè научи…“.
Да се употребат сите дипломатски средства
Како да се поправи? Секако – тврди кардиналот – сите ќе мора да се ангажираат пред сѐ да се ограничи овој судир што избувна на сосема изненадувачки начин. Барем од наша страна никој не можеше да замисли дека ќе се случи тоа што се случи. Потоа треба да се искористат сите дипломатски средства. Прво – истакна тој – треба да го надминеме тој почетен удар во кој е тешко да се размислува за случувањата: сите сме обземени од емоции поради тоа што се случува… Во моментов се изгледа многу тешко, но ќе има моменти на смиреност и тогаш – истакна кардиналот – ќе треба да почнеме заедно да размислуваме.
Да се живее во праведност
На крајот тој истакна дека е потребно да се изнајдат услови кои ќе овозможат живеење во правда, бидејќи како што рече Пиј XII: мирот е плод на правдата. Затоа, неопходно е да се најде начин да се реши овој трагичен проблем во односите меѓу Палестинците и Израелците врз основа на правдата. Само така ќе може да се гарантира стабилен мир и мирољубив и плоден соживот на овие два народа – посочи кардинал Паролин.
Ватикан њуз/к.мк