Кардинал Милер за папата Фрањо и за папата Бенедикт XVI

Кардинал Милер за папата Фрањо и за папата Бенедикт XVI

„Бенедикт и Фрањо. Петрови наследници во служба на Црквата“ – е насловот на книгата на кардинал Герхард Лудвиг Милер која ја објави издавачката куќа Арес.

„Бенедикт и Фрањо. Петрови наследници во служба на Црквата“ – е насловот на книгата на кардинал Герхард Лудвиг Милер која ја објави издавачката куќа Арес, а овие денови се појави во италијанските книжарници. Префектот на Конгрегацијата за наука на верата посебно се осврнува на ликовите на двајцата папи, на реформите на Римската Курија, како и на телошкото дело на Јозеф Рацингер и на „Црквата сиромашна и за сиромашните“ на папата Фрањо.

За темите во книгата кардиналот говореше за Радио Ватикан и пред сѐ истакна дека двајцата се наследници на свети Петар. Многу е важно тоа да се види токму според нашата теологија: папата не е директен наследник на претходниот папа, туку секој папа е наследник на свети Петар и затоа ја претставува таа голема задача која Исус Христос ја даде – рече кардиналот.

Говорејќи за папата Бенедикт и неговата книга „Исус од Назарет“, кардиналот рече дека таа била исповед на верата на свети Петар. Многу луѓе говореле дека Исус бил пророк. Петар во личноста на Црквата благодарение на објавата на небесниот Отец рече: Ти си Христос Месијата. Тоа е јадрото на посланието на Петар! – истакна кардиналот и додаде: Таа книга не е само некоја приватна работа. Таа речиси е јадрото на приматот; потребен ни е само еден примат за верниците да се обединат во истата вера. Верата не е збир на уверувања, идеи, туку центар на верата; тоа е личноста на Исус Христос вистинскиот Бог и вистинскиот Човек – рече кардинал Милер.

На новинарско прашање дека едно поглавје е посветено на „сиромашна Црква и за сиромашните“ е преференцијала опција сиромашните и на прашањето дека темата која папата Фрањо ја воведе во своето папство веднаш допре многу, па и некатолици, префектот на Конгрегацијата за наука на верата пред сѐ рече дека изразот „преференцијална опција за сиромашните“ своите корени ги има во Вториот ватикански собор во пасторалната конституција „Gaudium et Spes“ (Радост и надеж) како и во социјалната наука на Црквата. Тоа доаѓа од сржта на посланието на Црквата.

Она што ние како Црквата можеме да им дадеме на сиромашните е пред сѐ Евангелието, таа нова вест дека Исус умре и воскресна за сите луѓе – додаде кардинал Милер. После тоа мора да се заземаме и за целосно промовирање и развој на сите луѓе; сите имаме основно право да учествуваме во материјалните, културните и општествените добра на човештвото. Папата Фрањо повторно нѐ отвори за тоа директно и конкретно давајќи тоа да го видиме. Тоа е голем предизвик кој постои во целиот свет – рече кардиналот и додаде – Заради тоа мислам дека папата Фрањо има голем углед и дава голем поттик не само на Црквата, туку и на целото човештво.

Што се однесува пак до реформата на Црквата и Римската курија за која говори во последното поглавје од неговата книга, кардинал Милер истакна дека Римската курија не е административен апарат кој управува со Црквата; тоа е – според зборовите на кардиналот – премногу световно толкување! Станува збор пред сѐ за духовна реформа, реформа на духот на служење, духот на прифаќање – рече кардиналот. Во таа смисла ни е потребна реформа на Куријата. Самиот Папа говореше за реформа на Куријата, но и на целата Црква, на сите ординаријати, викаријати, некои бискупии…

Говорејќи за даровите кои ни ги дадоа и понатаму ни ги даваат папата Фрањо и папата Бенедикт XVI, кардинал Милер рече дека сите знаеме дека папата Бенедикт е извонреден теолог, но не е само тоа; тој има големо искуство во пасторалот, има напишано многу книги за духовноста, за големите предизвици на современиот живот, пишуваше, говореше и даде толкување на многу високо интелектуално ниво, а тоа значи дека христијанството има своја сопствена интелектуална сила.

Папата Фрањо доаѓа пак од својата средина од Латинска Америка од големо подрачје на католичка вера веќе 500 години со поголем дел верници католици. Добро е да се влезе во таа културна димензија во општиот католицизам за да се надмине евроцентризмот – рече кардинал Милер. Во овој свет на глобализација е добар знак и можеме да го толкуваме како знак на Светиот Дух фактот дека папите не доаѓаат само од Европа или само од некои европски земји. Националноста не е пречка на кандидатите за папи… Светиот Дух е слободен да избира преку кардиналите! – истакна на крајот префектот на Конгрегацијата за наука на верата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот