Кардинал Мек Керик: Не треба да се заборави Марокешката декларација
Не треба да се дозволи „Марокешката декларација“ да замине во заборав и да стане мртво слово – тоа е апелот на кардиналот Tеодор Мек Керик до американските информативни медиуми, упатен од Конференцијата за верските малцинства во државите со муслиманско мнозинство, која ја организираше National Press Club во Вашингтон.
Како што пренесува ангенцијата CNS, кардиналот во својот говор потсети на важноста на историскиот апел за одбрана на правата на верските малцинства во муслиманскиот свет, а тој апел, односно декларација на собирот во Мароко, организиран по желба на мароканскиот крал Мухамед VI и Форумот за промивирање мир во исламските општества, на 27 јануари ја потпишаа 250 угледни муслимански правници и научници. На тој собир беше повикан и поранешниот вашингтонски надбискуп заедно со 49 немуслимански верски поглавари за заедно да искажат загриженост поради порастот на насилството во име на религијата.
Повикување на Декларацијата на Мединската повелба
Документот предупредува на влошувањето на ситуацијата на верските малцинства во државите со муслиманско мнозинство поради насилството на криминалните групи, како што се Aл-Каеда и самонаречената Исламска држава, која, наводно, промовира исламски идеи, но тие се, всушност, спротивни на исламските принципи и основните цели. Против овие злоупотреби, потписниците се повикуваат на Мединската повелба, која ја потпишал пророкот Мухамед, односно на првиот муслимански устав кој гарантирал слобода на богослужба и движење, сопственост, взаемна солидарност и одбрана, праведност и еднаквост на сите луѓе пред законот, „независно од верата“.
Верскиот екстремизам носи војна и неред
Освен повикот на исламските интелектуалци да го продлабочат концептот на државјанство во исламската правна наука, Декаларацијата упати апел до воспитните институции смело да ја преиспитаат воспитувачката програма за да се отстрани сè што поттикнува насилство и ектремизам, донесувајќи војна и неред, а ги повикува и политичарите да смислат општествен договор меѓу граѓаните од сите религии и верувања.
Марокешката декларација може да го измени лицето на исламот
Оваа декларација може да го промени лицето на исламот, подобро кажано, да го врати исламот на неговите изворни темели кои го признаваат достоинство на секое човечко суштество – истакна кардинал Мек Керик. Ако Мединската повелба, на која се повикува декларацијата, е израз на вистикниот ислам, тогаш може заедно да работиме на градење нов свет. Затоа кардиналот ги повика медиумите да пишуваат за Марокешката декларација за да не се случи со неа истото што се случи со други важни документи на муслиманските лидери кои проповедуваат меѓурелигискиско почитување, на кои на почетокот медиумите посветуваа големо внимание, а потоа ги препуштија во заборав – потсети кардинал Мек Керик.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк