Кардинал Паролин одржа говор на семинарот за миграција во Мексико

Решението на проблемот на миграција минува низ длабоко културно и општествено обраќање што овозможува да се помине од културата на затвореност во култура на прифаќање и средба, рече папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин во излагањето одржано во главниот град на Мексико, на семинарот посветен на преселувањето. Кардиналот своето предавање го одржа во рамките на неговата посета на Мексико, по покана на мексиканскиот претседател Нието, а која е посебно важна поради тоа што се поклопува со хуманитарната криза што опфаќа над илјадници деца бегалци кои сами патуваат кон Соединетите Американски држави. Поттикнување на човековите права не била лесна задача ниту за една напредна демократија, па така ни за мексиканскиот народ низ историјата во последните 200 години, но треба да се признае дека во последно време има големи напредоци.

Постојаната работа за еднакво достоинство на сите луѓе овозможи да се подобри сегашниот нормативен простор, потврди кардиналот Паролин, па се осврна на важната улога на христијанството во признавањето на достоинството и рамноправноста на секое човечко битие, создадено на Божја слика. Притоа истакна дека единствено мерило кое важи за проценка дали некоја политичка заедница го исполнува својот повик за служење на општото добро, е квалитетот на нејзината услуга која ѝ ја пружа на луѓето, а посебно на најсиромашните и најранливите.

Говорејќи потоа посебно за преселувањето, кардиналот ја спомна пораката на папа Фрањо за Светскиот ден на мигрантите и бегалците, во која Светиот Отец истакнува дека денешните миграциски движења се најголеми движења во историјата. Затоа, според зборовите на кардиналот, општествата што се трудат да ги вклучат мигрантите, даваат вистинска порака на јачина. Поради тоа ве повикувам на предизвикот за поправедно и посолидарно општество кое ги признава вредностите на човечката раздвиженост, и кое не се затвора во себе, туку е подготвено за прифаќање, рече кардиналот и додаде дека иднината можеме да ја промениме, ако сме способни да им служиме на конкретни луѓе, на оние со кои се среќаваме секој ден.

Кардиналот Паролин потоа истакна дека Црквата во Мексико има развиено бројни конкретни потфати со цел, гостољубливо прифаќање на доселениците и истакна дека, кога една земја ја прифаќа Црквата, и на подрачјето на здравата лаичност има воспоставено правни средства за нејзина заштита, и го поттикнува општественото делување во корист на општото добро, таа земја на тој начин го гарантира клучниот фактор за напредок, а тоа е довербата. Појавата на преселувањето не може да се реши само со законодавните средства, колку тие и да се добри, а уште помалку само со безбедносни мерки.

Решението на миграцискиот проблем се наоѓа во темелно културно и општествено обраќање кое овозможува културата на затвореност да премине во култура на прифаќање и средба, истакна кардиналот.

Затоа е потребна соработка помеѓу поединците, организациите на граѓанското општество, институциите и државите. Во тој коннтекст Црквата секогаш била и ќе биде верна соработничка, напомена кардиналот Паролин.

Спомнувајќи ги потоа податоците од САД за иселувањето на децата што ја поминуваат границата сами, без следење на возрасните, а кои покажуваат дека нивниот број се зголемува со голема брзина, кардиналот истакна дека хитно треба да се заштитат тие деца и да им се пружи помош. Папскиот државен секретар затоа, силно поттикна, на подрачјето за помош на доселениците, да се направи можно и она што е невозможно.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот