На првото овогодишно патување во странство на папата Фрањо овој викенд на Малта ќе биде придружуван од генералниот секретар на Бискупската синода, кардинал Марио Греч, од островот Гозо, кој Папата ќе го посети на 2 април попладнето.
Кардиналот Греч (65) ја водеше бискупијата на вториот по големина остров на Малтешкиот архипелаг од 2006 до 2019 година кога премина во Секретаријатот на Бискуспската синода во Рим.
На островот Гозо, Папата во сабота ќе го посети најголемото маријанско светилиште на Малта, Та’Пину, каде што ќе се помоли и ќе одржи проповед. Пред тоа Светиот Отец ќе се сретне со малтешкиот претседател Џорџ Вилијам Вел, премиерот Роберт Абел и со членовите на Дипломатскиот кор.
Во недела ќе ја посети пештерата Свети Павле до истоимената базилика во Рабат, во спомен на бродоломот на апостолот во 60 – та година. Ова место го посетиле и свети Иван Павле II во 1990 и 2001 година и Бенедикт XVI во 2010 година.
Следува света Литургија и молитвата Ангел Господов во Флоријана, предградие на Валета. Попладнето ќе има средби со бегалците во Центарот за мигранти „Иван XXIII. Мировна лабораторија“ во Хал Фаро, каде ќе одржи говор и ќе се врати во Ватикан.
Патувањето на Малта беше планирано уште во мај 2020 година, но беше одложено поради пандемијата. Во центарот на посетата е малтешката традиција на примање луѓе во неволја, која датира од апостол Павле и е поврзана со ситуација во Медитеранот.
Ватикан њуз/к.мк