Во првите чекори од контемплантивниот живот најголема борба е онаа која се води во нашите мисли. Затоа е од голема важност познавањето и разликувањето на видовите на мисли кои го исполнуваат тој тек, како и вештината на делувањето на истите.
Најчест тип на мисли кои ја попречуваат нашата молитва се различни лутања на нашата фантазија. Нашата фантазија е во непрекинат поход, во непрекинато варирање. Затоа е обична утопија верувањето во можноста за целосен прекин на текот на мислите. Кога се зборува за внатрешната тишина, се мисли само на релативното стапување во тишина. Таа тишина пред се значи внатрешен дел од мислите со кои оди нашата свест.
Замислете да се наоѓате на седмиот кат од некоја зграда во центарот на градот, со отворени прозорци, обидувајќи се да разговарате со некого. Низ прозорот допира вревата од сообраќајот кој, секако, не можеме да го спречиме. Доколку изгубиме трпение и почнеме нервозно да коментираме: „Зошто веќе еднаш не престанат?“ или, во полоша варијанта, да слеземе на плочникот и да почнеме да врескаме: „Достаааааа! Замолкнете барем за момент!“, така само ќе успееме да го прекинеме разговорот со нашиот пријател. Ако, напротив, го продолжиме разговорот игнорирајќи ја вревата, малку по малку ќе развиваме способност на „исклучување“ од непосакуваните елементи. Тоа било и ќе остане најдобар пат за контрола и прекинување на фантазијата. Наметливата струја на мисли секогаш ќе постои, како дел од нашиот внатрешен свет. Ако во потполност се прифати, мислите ќе исчезнуваат како маглата пред сонцето.
Понекогаш вревата станува неподнослива, децибелите растат до неиздржливост. Потребно е да се прифати дури и таквата состојба. Понекогаш уште од самиот почеток па се до крајот на нашиот молитвен час нѐ прогонуваат диви летови и турбулентни мисли. Тоа не значи дека нашата молитва не била добра или дека не сме вкусиле ништо од внатрешната тишина. Ако истраеме, полека ќе развиваме нови навики и способности, од кои е најважната способноста за престојување на двете нивоа на свеста. Така можеме да ги слушнеме сите надворешни и внатрешни мрморења и истовремено да бидеме свесни за едно подлабоко ниво на свеста, која е тешко да се дефинира, но која без сомнеж постои.
Наскоро ќе почнеме да ја чувствуваме благодатта на таквиот пристап, способноста за градење некаков вид на бедем кој ја штити внатрешната тишина од надворешната врева. Ако вревата се прифати, дали и ќе ја забележуваме. Ако и се спротивставиме, или ако многу ревносно сакаме да исчезне, ќе се најдеме во момент на заглушеност во премногу досадните шумови. Фактот дека многу семејства кои живеат до железничката станица не обрнуваат внимание на периодичните пробои на силната врева кога доаѓаат возовите. Едноставно на час ја прекинуваат конверзацијата, за после проаѓањето на возовите продолжат мирно понатаму.
Потребно е, секако, да се обезбедат барем минимум услови за молитва: да се издвои некој мирен момент од денот, да се оддалечиме од телефоните и од другите можни извори на вознемирување. Треба барем да се проба да се послуша Исусовиот совет кога ни вели да го молиме својот Отец во тајност. Но под нашиот прозор викаат бројни деца, тоа може да биде малку покомплицирано. Затоа за многумина единствено донекаде е мирно место во станот – бањата. Некои шумови, како што се косилката за трева или далечниот звук на авионот, можат, како што веќе кажавме, да бидат интегрирани во молитвата, но нарушувањата кои го привлекуваат нашето внимание и нашиот интелект, како што е гласниот разговор во соседната соба, многумина копнеат да го совладат.
Можеме да заклучиме дека најдобриот одговор на вообичаената растресеност и струјата на мислите едноставно лежи во необраќањето внимание кон истите; секако без нервози и тешкотии, во став за прифаќање на мирот. Секој одговор кој го даваме на Господа мора да започнува со потполно прифаќање на реалноста, која се вчитува токму во дадениот момент.
Низ целото време колку што трае молитвата во тишина, наизменично се впуштаме и навлегуваме од царството на тишината, се лизгаме и вклизнуваме во неа. Нашето внимание нѐ потсетува на детскиот балон кој се приближува до мирната површина на езерото. Токму кога балонот треба да ја допре површината на езерото подувнува ветер и балонот повторно се кренува кон височината.
На сличен начин и во молитвата на тишина постојат моменти кога ни се чини дека конечно управуваме со царството на мирот и предаденоста, а токму тогаш се појавува некоја банална, но наметлива, мисла. Потребна е голема стрпливост за да се прифати таа неповолност и за да се избегне разочарувањето од неуспехот. Молитвата е милост, покрај нашите напори. Мораме едноставно да почнеме одново. Ова постојано започнување, со трпение, со мир и со став на прифаќање, постепено не увежбува во прифаќањето на целокупната неправедливост на животот. Нѐ подготвува за акција. Пред да се одлучиме на дело, неопходен е овој став на помиреност.
Контемплативната молитва нѐ оспособува за сосема друг однос кон сопствените чувства. Претерано силните чувства произлегуваат од темелот на несигурноста, особено кога се чувствуваме загрозени. Кога се чувствуваме дека навистина сме охрабрени со Божјата присутност внатре во тивката молитва, важно е дека се намалува стравот од понижување или од противење. Така можеме да станеме доволно понизни или барем посмирени и да научиме било што од нелагодноста и понижувањата на кои неизбежно сме биле изложени, притоа да не бидеме поплавени со чувствата на обесхрабреност или желба за освета. Негативните чувства кои ги потхрануваме, во нас полека стануваат предводници во нашата животна култура, која се темели на високо вреднување на нас самите. Тоа веројатно произлегува од натпреварувачкиот карактер на таа иста култура. Во такво оружје оној кој нѐ победува, се чувствува невреден, додека во тишината на длабинската молитва овие параметри едноставно ги нема. Таму стануваме потполно сами. (…)
Битно.нет/к.мк