Надбискупот Корадо Лорефице во интервју за Ватикан њуз зборуваше за заедништвото кое овие денови се чувствува во Палермо. Ја пофали креативноста на свештениците кои по пат на социјални мрежи доаѓаат до верници.
Секој ден околу 12 часот, надбискупот на Палермо монсињор Корадо Лорефице, стои на балконот на надбискупската палата за да моли во присуство на неколку луѓе и повика на застапништво на заштитничката на градот, света Розалија. Тоа е еден од начините како би бил блиску до верниците, додека и во другите делови на Италија и светот се редат креативи иницијативи на свештениците на кои им е цел да им дадат духовна храна на луѓето кои се доверени на нивна грижа.
Надбискупот Лорефице во разговорот за Ватикан њуз истакна дека тоа е една од убавите работи во овие тешки денови и ја истакна креативноста на свештениците, катехистите и аниматорите од надбискупијата Палермо кои до верниците доаѓаат по пат на социјални мрежи, организирајќи евхаристиски славења, како и разни средби и разговори кои се пренесуваат по пат на интернет. На тие начини во голема мерка се допринесува на одржување на смислата на заедништво. Мораме да ја вратиме смислата за единство со разбивање на спротивности кои понекогаш го оптеретуваат нашиот живот и нашиот народ – рече надбискупот.
Што се однесува до ситуацијата во Сицилија, надбискупот Лорефице се осврна на неодамнешното намалување на сообраќајните врски со остатокот на земјата и потврди дека е разбирливо дека треба да се почитуваат владините прописи, дури и ако се рестрективни. Од таа гледна точка владее загриженост, но реакцијата на луѓето е позитивна – рече надбискупот. Граѓаните на Палермо воглавно остануваат дома, иако во некои делови од градот се забележува отпор кон безбедосните мерки. На улиците нема луѓе – истакна надбискупот Корадо Лорефице и ја пофали солидарноста на граѓаните кон оние кои даваат многу вреден допринос во здравствените установи, делувајќи во духот на пожртвуваност, великодушност и љубов.
Ватикан њуз/к.мк