Светиот Отец именуваше свој личен лекар д-р Роберто Бернабеи професор по интерна медицина и геријатрија на Католичкиот универзитет Пресвето Срце во Рим.
Како што информираше Канцеларијата за печат на Светиот Престол новиот Папски лекар е Роберто Бернабеи. Станува збор за угледен лекар кој е роден во Фиренца на 24 јануари 1952 година. Откако во 1976 дипломирал медицина и хирургија на Католичкиот универзитет Пресвето Срце во Рим, специјализирал за интерна медицина и кардиоваскуларни болести.
Професор е по интерна медицина и геријатрија, директор на Училиштето за специјализација од геријатрија на Католичкиот универзитет Пресвето Срце во Рим и директор на Одделот за стареење, неврологија, ортопедија и наука за глава и врат на Агостино Џемели IRCSS Универзитетска болница во Рим. Меѓу останатите служби бил и претседател на Италијанското друштво за геронтологија и геријатрија и член на Европската академија за медицината на стареењето. Објавил голем број на научни трудови и прилози.
Д-р Бернабеи доаѓа на местото на досегашниот лекар на Папата д-р Фабрицио Сокорси кој почина на 9 јануари после борбата со карциномот и после компликации поврзани со коронавирусот.
Ватикан њуз/к.мк