Интервју на папата Фрањо: Исус Христос те спаси!

Црквата некогаш се затвора во малите работи, во ситни прописи. Најважното меѓутоа е првото навестување: Исус Христос те спаси, рече папата Фрањо во долгото интервју објавено на 19 септември во италијанското списание на Дружбата Исусова, La Civiltà Cattolica и истовремено уште во шеснаесет ревии на во целиот свет. Во разговорот на 30 странии кој го водеше отец Антони Спадаро, папата Фрањо зборува за себе, ја анализира улогата на Црквата денес, укажува на приоритетите во пасторалното делување и одговара на прашања за навестување на Евангелието.

Разговорот за La Civiltà Cattolica е воден во домот Света Марта во три наврати, 19, 23 и 29 август. Папата во разговорот на дури 30 страници, на кои зборува за своето минато во Исусовата Дружба и изнесува свои мисли за посланието на Црквата, себе се нарекува „грешник на кој Господ го упатил својот поглед”. Според Папата она што на Црквата најмногу и треба е „способност да ги лекува раните и да ги грее срцата на верниците, близина, блискост….И треба да крене од основата”. Црквата ја гледам како полска болница после битка. Бескорисно е, вели Папата, да се праша тешко ранет дали има висок холестерол или шеќер! Потребно е најпрво да му се излечат зададените рани, а дури потоа може да се зборува за сѐ друго. Црквата понекогаш се затворала во мали работи, ситни прописи. Најважно е меѓутоа првото навестување: Исус Христос те спаси! Затоа црковните служители пред сѐ треба да бидат служители на милосрдието додека организациските и структурните реформи се споредни, тоа следува покасно, бидејќи првата реформа треба да биде реформа на ставот.

Според папата Фрањо служтелите на Евангелието мора да бидат подготвени да ги стоплат срцата на луѓето, да чекорат во темнината со нив, да знаат да се опуштат во дијалог, па и да седат во нивната темнина, а самите да не се изгубат. Божјиот народ, вели Папата, сака пастири, а не државни службеници или клерици.

Во разговорот папата Фрањо зборува за свеото минато во Дружбата Исусова, потсетувајќи се и на некои тешки моменти: „Мојот авторитарен и брз начин на донесување одлуки ми донесе сериозни проблеми и оптужби дека сум ултраконзервативен”. Потсетувајќи се на својата епископска служба во Аргентина вели дека сфатил колку е важно советувањето. „Конзисториумите, синодите, се примери, важни места за да се претвори советувањето во дела”, но мора да бидат „помалку строги во својот облик”. Сакам вистински советувања, а не формални.

Во интервјуто Папата зборува, и за своето воспитување, пресудување и реформи. Секогаш треба да се најде време да се удрат темелите на вистинска промена. А тоа е време на пресудување, вели Папата, но тоа пресудување се стреми да се направи веднаш тоа што отпочеток требало да се направи. И тоа е токму она што се случи во мене овие месеци, рече Папата.

Сликата на Црквата на која Папата потсети во разговорот е таа која е изразена на Вториот Ватикански Собор во конституцијата Лумен Гентум: свет Божји народ, да чувствуваш со црквата (sentire cum Ecclesia) за Папата значи „да бидеш во тој народ“. Гледам светост во Божјот народ вооружен со трпение: жени кои ги подигнуваат своите деца, мажи кои работат за да донесат леб во куќата, болни, стари свештеници кои имаат многу рани, но на лицето секогаш со насмевка, бидејќи му служеле на Господ, монахињи кои многу работат и кои живеат во сокриена светост. Тоа е за мене општа светост. Светоста секогаш ја поврзувам со трпеливоста, рече Папата додавајќи дека за него трпеливоста е кога се прифаќа товарот на случувањата и она што животот го носи, но исто така и како упорност во одењето низ животот. Црквата со која мораме да чувствуваме е куќа на сите, а не мала капела која може да прими само група избрани луѓе. Не смееме да се сведи крилото на општата Црква на заштитничко гнездо на нашата просечност. Црквата е Мајка, Црквата е плодна, мора да биде тоа.

Меѓу прашањата кои главниот уредник на Civilta Cattolica ги постави на Папата беа сложени прашања како што се разведени и повторно оженети, хомосексуалците и го прашав кој пасторал треба да се примени во тие случаи. „Треба секогаш да се гледа на личноста. Тука влегуваме во мистеријата на човекот. Бог во животот ги следи луѓето и ние мораме да ги следиме почнувајќи од нивната состојба. Треба да ги следиме со љубов. Кога тоа ќе се случи Светиот Дух ги надахнува свештениците да ја кажат вистинската работа“, рече Папата. Не смееме да инсистираме само на прашања поврзани со абортус, женидба, истополни бракови и користење контрацепциски средства. Јас не зборував многу за тоа и за тоа ми префрлаат, но кога за тоа се говори треба да се води сметка за контекстот. Мислењето на Црквата, е познато, и јас сум син на Црквата, но не е потребно за тоа да се зборува непрестано, рече папата.

Учењето, како догматското така и моралното, не се еднакво вредни. Мисионерскиот пасторал не е „опседнатост за неповрзано пренесување на мноштво учења кои упорно треба да се наметнуваат.“ Мисионерското навестување мора да се концентрира на „она важното“, а тоа најмногу и привлекува, тоа дава срцето да се распламти, како на учениците од Емаус. Тука е потребно да се пронајде нова рамнотежа, во спротивно, забележи Папата, и на самата морална градба на Црквата и се заканува опасност да се сруши како „кула од карти“ да го изгуби „мирисот на Евангелието“. Затоа Евангелската понуда треба да биде „едноставна“ и „од тие понуди произлегуваат морални последици“.

На крајот разговорот доведе до еден аспект кој е многу драг на папата Фрањо, а тоа е дека „Бог се среќава на патот“. Бог секогаш те изненадува, никогаш не знаеш каде и како ќе го најдеш, не си ти тој кој го одредуваш времето и местото на средба со Него. Според Папата потребно е „да ја препознаеш средбата“: ако христијанинот сака сѐ јасно и сигурно тогаш ништо нема да најде. Традицијата и споменот на минатото мора да доведат до отворање на нов простор за Бог. Со една статична и инволуциска визија, ако се бара секогаш „дисциплинирани решенија“ или загубено минато, „верата станува тогаш една идеологија.“ „Има едно догматско уверување: Бог е во животот на сите луѓе“ вели папата Фрањо, истакнувајќи дека „во животот на некои луѓе на тлото и израснале трња и плевел, но секогаш постои простор во кој доброто семе може да никне. Треба да се довериме на Бог“.

Д.И./Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот