Од Вториот Ватикански собор до актуелниот синодален процес, од војната во Украина до заборавените конфликти во светот. Папата допира голем број теми во подолгото интервју кои го објавија белгиските католички неделни веснициTertio и Dimanche.
Католичкиот весник „Tertio“ веќе имаше прилика да направи опширно интервју со папата Фрањо во ноември 2016 година. Поводот за тој разговор беше 100 годишнината од Првата светска војна и терористичкиот напад во Париз во ноември 2015 година и во Брисел во март 2016 година. Шест години подоцна Папата и Белгијанците објавија уште едно интервју, овој пат по повод 10 годишнината од неговиот понтификат на 13 март 2023 година.
Новиот разговор е снимен на 19 декември 2022 година. Во вторникот на 28 февруари „Tertio“ и „Dimanche“ го обајвија целиот текст, а Ватикан њуз на 1 март го пренесе неговите главни моменти.
Вториот ватикански собор
Клучот за разбирањето на неговиот понтфикат е Вториот ватикански собор, рече папата Фрањо во интервјуто. Соборот е една од оние работи кои Бог ги остварува во историјата преку светите луѓе,“ истакна Папата. „Црквата е мајка која секогаш оди напред. Соборот ја отвори вратата за поголема зрелост која е повеќе во согласност со знаците на времето.“
Папата исто така зборуваше на тема синодалност која ја изнесе Соборот, односно папата Павле VI. Нему му беше важно и западната Црква да ја задржи својата синодална димензија. Затоа Павле VI „најави основање на Секретаријат на Епископска синода за повотрно да ја промовира синодалноста во Црквата“, објасни папата Фрањо.
„Во последните шеесет години тоа се развива се повеќе и повеќе. Постепено, некои работи се разјаснија. На пример, дали само епископите имаат право на глас. Понекогаш не беше јасно дали жените можат да гласаат… На последната синода за Амазонија, во октомври 2019 година, дојде до созревање во таа смисла и сега само треба да продолжиме напред. Тоа го правиме преку сегашниот синодален процес, а двете Синоди за синодалност ќе ни помогнат да го разјасниме значењето и начинот на одлучување во Црквата“.
Војната е лудило
Исто така Папата се осврна на војната во Украина: „Ватикан тој конфликт од првиот ден си го зема на срце… Војната е ужасна, навистина ужасна. Луѓето страдаат, страдаат од агресија.“ Папата потоа додаде: „Се сеќавам што ми зборуваа родителите: Војната е лудило. Се чувствуваме силно вклучени во оваа војна затоа што се случува блиску до нас. Но веќе со години постојат војни во светот на кои не обраќаме внимание.
„Црква која не слави Евхаристија не е Црква“.
За улогата на Црквата во општеството, Папата објаснува: „Црква која не слави Евхаристија не е Црква“. Но, не е ниту таа што се крие во сакристијата“, и нагласува: „Евхаристиското славење има последици. Има прекршување на леб. Ова подразбира социјална обврска, обврска да се грижиме за другите. Молитвата и посветеноста одат рака под рака. Обожувањето на Бога и служењето на нашите браќа и сестри одат рака под рака, така што во секој брат и сестра го гледаме Исус Христос“. (…)
Папата сонува за поинаква економија
„Ова економија убива“ – е познатата реченица од почетокот на понтификатот на папата Фрањо во 2013 година. Сега во овој разговор уште еднаш потсети на кој економски модел мисли. „Мора да имаме храброст да сонуваме за економија која не е чисто либерална… Мора да бидеме внимателни со економијата: ако таа премногу се фокусира на финансиите, само на бројките без реални ентитети од неа, тогаш економијата е скршена и може да доведе до сериозни предавства. Економијата мора да биде социјална. Иван Павле II на изразот пазарна економија го додаде зборот социјална, социјална пазарна економија. Секогаш мора да се има на ум социјалниот аспект. Во овој момент економската криза без сомнеж е сериозна, кризата е страшна. Мнозинството луѓе на светот – мнозинството, немаат доволно за јадење, немаат доволно за живот. Богатството е во рацете на неколкумина луѓе кои водат големи корпорации кои понекогаш се склони на искористување. Економијата секогаш мора да биде социјална и во служба на општеството“, заврши папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк