Имате потешкотии во бракот?

Имате потешкотии во бракот?

Кога ќе помине почетнатa заљубеност и се појавува потешкотиите во бракот, поработете на волјата и намерата бракот да успее. Дознајте како може да ви помогне примерот на Мајка Тереза.

„Таа претерува!“

Тоа беше мојата прва реакција читајќи француски натпис за психологија и брачно советување од Бенедикте де Диншан, за тоа како бракот да излезе од кризата и да се носи со сите потешкотии во односот помеѓу мажот и жената. Таа статија ја напишала пред некое време, без многу размислување, после канонизацијата на Мајка Тереза. Нејзиниот осврт е неверојатно едноставен, а сепак води кон размислување. Така Бенедикте де Диншан пишува:

„Сигурна сум дека многу пати сте ја чуле оваа реченица: „Се разведуваме затоа што сакаме да бидеме искрени. Веќе не се сакаме…“ Тоа изгледа логично. Во крајна линија добро е да се биде искрен. Но, кога Црквата ја канонизирала оваа добра жена, дознавме некои факти за нејзиниот живот. Еден од нив изгледа целосно несфатлив. Имено, Мајка Тереза живеела 50 години во сувост на верата. Половина век никогаш не се посомневала во постоењето на Бог, иако никогаш не ја почувствувала длабочината на верата како што ја почувствувале некои мистичари. (Мајка Тереза умрела во Калкута на 5 септември 1997 година на 87 години. Десет години после смртта, од 40 писма кои ги оставила се дознава дека половина век била во, како што сама ги нарекува, моменти на темнина).“

Каква врска имаат потешкотиите на Мајка Тереза со потешкотиите во бракот? Бенедикте де Диншан бргу повлекува храбра споредба за да ја покаже тесната врска. „Иако никогаш не ја чувствувала длабочината на верата, Мајка Тереза не се „разведува“ од Црквата. Не го напуштила својот ред ниту пак сакала да се откаже од своите завети. Останала верна. Овде ќе застанам со споредбата. Не би сакала да ја искористам оваа неверојатна жена во име на идеите за траен брак“, пишува  Бенедикте.

Љубов и заљубеност

Бенедикте де Диншан честопати зборува за проблемите во брачната криза низ приказни од реалниот живот, низ она што научила од соседството, од пријателите и соседите, па така за тоа зборува со колегите. Ги сведува на едноставни заклучоци, барајќи решенија во духот на љубезноста и добрата волја.

На оние кои се разочарани од својата брачна заедница им вели: „Ја разбирам вашата тага, обесхрабреност, неразбирање, фрустрација, сомнежи и недвоумици. Исто така, верувам дека сме создадени за да бидеме среќни, но лесно е да се изгуби тој компас и да се случат недоразбирања, а тогаш да се заглави во таа ситуација. Исто така, честопати подлегнуваме на многу вообичаени, но погрешни поими за љубовта, што збунуваат и водат до тага, бидејќи овие поими „продаваат магла“. Не ја истерувајте љубовта и заљубеноста, шармантна и недопирлива како зајдисонце. Ние сме нејзини набљудувачи и би сакале тоа да продолжи, но таа поминува.“

Според Бенедикте, она што заедничкиот живот го прави поубав е волјата и желбата да се сакаме. Таа истакнува дека тоа зависи исклучиво од нас. За тоа учиме во најраната доба, кога го делиме ручекот со пријателите во училиштето или кога одвојуваме дел од годишниот одмор за да волонтираме, наместо да се забавуваме со пријателите. Таа волја и желба стануваат сѐ посилни секогаш кога го следиме вистинскиот пат во тешките ситуации.

Издржете

Така, што би направиле кога забележуваме дека светлото во нашиот брак избледува и почнуваме да се оддалечуваме еден од друг? За почеток, добро е да се вложи малку труд и секојдневно да се работи на односот – овој совет честопати ни ги дава терапевтите и психолозите. Џон Готман, познат психолог кој со својата сопруга успешно водат брачно советувалиште, нудат неколку ефикасни чекори – едноставни но навистина вредни за паметење. Да ги испробаме сите:

  1. Повторно запознајте го својот сопруг

Ова е темелот на заедницата, познавањето на емоционалниот живот на другата личност. „Знаете ли сѐ уште што тој чувствува кога сте заедно, што му недостига, од што се плаши, што го разочарува?“ прашува Готман. „Кои чувства го копкаат на работното место и во односот со поширокото семејство и пријателите? Се менуваме, растеме, се бориме со секојдневното сивило во животот; важно е да се гледа еден во друг, а не само заедно напред. И тоа, исто, но без претерување.“

  1. Зошто му се восхитувате?

На сите ни е потребно прифаќање, но малку и восхит. Да, Восхит! Благодарност поради тоа што сме. Ако не покажуваме интерес еден кон друг, ќе се изладиме. Готман спомнува истражување кое покажува дека најсреќни и најдолговечни љубовни приказни се токму оние во кои сопружниците поради нешто се восхитуваат едни со други. Не е важно што е тој восхит – па понекогаш и без логика, нема врска од пеење, но нејзиниот маж вели дека пее како славеј! Е, тоа е вистински восхит!

  1. Понудете нешто без чекање

Понудете нешто добро за јадење, за читање или споделето нешто смешно што сте слушнале… Постои ли нешто околу што тој може да ви помогне или да ви даде? Размената на нематеријалните богатства е клучна.

  1. Почитување

Немојте да прекинувате, ниту да критикувате, слушајте се едни со други. Понатаму, морате да препознаете дека, освен заедништвото, секој од вас има свој „приватен“ дел во кој што е слободен. Слободен од осудување, од разочарување на другиот, дел во кој никој од вас не треба да се откаже од своето хоби во име на заедничкиот живот. Најважно од сѐ, слободен од моќта и доминација над сопружникот, освен ако тоа го сакате и ви треба.

„Не се откажувајте“, вели Бенедикте де Диншан. „Не се откажувајте кога заљубеноста исчезнува. Работете на желбата и намерата вашиот брак да успее. Работете на желбата да продолжите и вежбајте се во понизноста. Никогаш нема толку можности и место за терапија каде што можете да станете посилни, да се обликувате и да ја поправите врската. Издржете како што издржала Мајка Тереза и работете на тоа вашиот однос да не биде досаден и празен, туку во полнина да одекнува во животот.“

Жена Врсна/к.мк

 

Категорија: Вера, Семејство

За авторот