Зошто треба да се оди на Црква
Човек кој редовно одел на Црква, пишува една статија во весник, повикувајќи дека нема смисла да се оди на Црква.
„Одев 30 години“ – пишува, „и во тоа време слушнав околу 3.000 проповеди. Но можам да се заколнам дека не се сеќавам на ниту една.
Поради тоа мислам дека тоа е губење време и дека свештениците си го губат времето проповедувајќи.“
После ова на издавачот му се јавија многу во рубриката писма на читатели. Еден од нив го напиша ова писмо:
„Оженет сум 30 години. Во тој период мојата сопруга зготви околу 32.000 јадења. Можам да се заколнам дека не можам да се сетам на ниту едно од тие јадења. А да бидам искрен, не можам да се сетам ни што јадев вчера за ручек. Но едно знам: сите тие оброци ме хранеа и ми ја дава потребната сила за работа. Мојата сопруга ако не ја готвеше таа храна веќе би бил физички мртов. Исто така да не одев на Црква и да не се хранев духовно денес би бил и духовно мртов.“