Запрете ги верските прогони од кои се погодени христијаните

За миграцијата, прогонетите христијани, заканата на семејството засновано на бракот помеѓу маж и жена и за воспитувањето за почитување на правата и обврските во животот, за економската криза и невработеноста говореше кардинал Анџело Бањаско претседател на Италијанската епископска конференција.

Според зборовите на кардиналот најголем предизвик на денешницата е градење на похумано општество.

Зборувајќи за мигрантите рече дека за нивното згрижување потребни се значителни парични средства, многу време и сигурна политичка волја. Треба да се концентрира на сегашноста, на иднината и на земјите од каде што луѓето бегаат: во прв ред треба да се нахранат гладните потоа да им се овоможи иднината давајќи им „јазик, работа и дом“ бидејќи не може вечно да се живее од туѓа помош; потоа треба да се поттикнува развој на нивните земји за никој да не мора да бега од војната, прогонствата и бедата. Иако предизвикот бара многу никако не смее да се избегне: кој се препушта на препреките се лаже и политички е кратковиден – рече кардиналот додавајќи:

Во игра е личната совест и улогата на државата и Организацијата на обединетите нации. А кои се тие „големи играчи“ кои одлучуваат за судбината на сиромашните и немоќните зголемувајќи ја својата благосостојба и моќ – запраша кардиналот и остро ги осуди етничките и „крвавите верски прогони кои најмногу ги погодуваат христијаните.

Во Светата Земја и во другите држави на Блискиот Исток и африканскиот континент се продолжува со убивање смислено и ужасно; изгледа дека „некој“ наумил да ги искорени христијаните и теренот да го направи плоден. Кардиналот продолжи да ги набројува и другите вознемирувачки прашања: Кој доставува оружје за конфликтите? Кој купува нафта од оние кои колат, изгладнуваат и силуваат? Кој сака системска нестабилност на цели подрачја наведувајќи ги сите можни оправдувања: политички, верски и културни? Кој го поттикнува огнот на збунетост, страв, фанатизам и незнаење манипулирајќи групи, племиња и народи?

Осврнувајќи се на институцијата семејство ги осуди тешките и упорни притисоци на семејството засновано на бракот помеѓу маж и жена. Не се сфаќа зошто треба еднакво да се постапува со различните реалности – рече кардиналот и се осврна на родовата теорија.

Родовата теорија е проект на едноумие која сака да ја покори Европа за кое што Папата често зборува. Во некои европски држави се расправа за одобрување на разни застранувања како педофилијата, родосквернавењето, чедоморството, потпомогнато самоубиство. Кардиналот предупреди на опасноста на некои теории за уверување на масата кои успеваат да навлезат, а потоа и да се озаконат до сега неприфатливи идеи и пракси служејќи се со еуфемизам поради општата чувствителност – објасни кардиналот.

Во поглед пак на насилството, корупцијата и криминалот во Италија кардиналот рече дека се жнее тоа што се сее. Потребни се добри закони со кои се промовира и се штити општото добро, а не странски интереси. Законите пак не се доволни ако не се придружувани од цврсто, трајно и вистинско вопитание – рече кардинал Бањаско.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот