Започна 28. заседание на Кардиналскиот совет

Започна 28. заседание на Кардиналскиот совет

Во понеделник 18 февруари 2019 година папата Фрањо го отвори 28. заседание на Кардиналскиот совет, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол, не наведувајќи детали, освен дека ќе трае до 20 февруари.

Пред самиот почеток членовите на Кардиналскиот совет заедно со Папата служеле света Литургија во домот Света Марта, пренесува Ватикан њуз.

Последниот состанок на Кардиналскиот совет е одржан од 10 до 12 декември 2018 година. На таа средба се разгледани трошоците на Светиот Престол, средбата со претседателите на епископските конференции, како и Апостолската конституција за Римската курија со работен наслов Predicate evangelium.

Кардиналскиот совет е формиран од папата Фрањо кон крајот на септември 2013 година со намера да го советува во управувањето со универзалната Црква и со задача да го проучи проектот за нова апостолска конституција за Римската курија. Првото заседание е одржано од 1 до 3 октомври 2013 година.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот