Започна одбројувањето за 9. Светски ден на семејства, кој ќе се одржи од 21 до 26 август 2018 година во главниот град на Република Ирска, Даблин. Надбискупот на Даблин, монс. Дијармуд Мартин заедно со генералниот секретар на настанот, о. Тимоти Барлет, започнаа со едногодишната подготвителна програма за средбата. Светиот Иван Павле II. го основа Светскиот ден на семејства во 1984 година, а престојниот настан ќе се одржа на тема: Евангелие на семејството: Радост за светот“.
Во разговор за Радио Ватикан о Барлет зборуваше за подготовките за настанот, како и за предизвиците со кои се соочуваат семејствата во денешниот свет. Тој напомена дека подготовките напредуваат многу добро, додавајќи дека на повик од папата Фрањо подготовките како во Ирска, така и во другите земји во светот ќе бидат со цел за да помогнат на семејствата подлабоко да ја запознаат и да размислуваат за постсинодалниот апостолски поттик Amoris Laetitia.
Говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат денешните семејства, генералниот секретар рече дека прашањето за семејствата длабоко ги допира животите на сите луѓе. Тој истакна дека во Ирска расте свеста за тој настан и реакциите за средбата се многу позитивни, бидејќи сите знаат колку многу е важно семејството за нивните животи. Отец Барлет додаде дека проблемите со кои се соочуваат ирските семејства истовремно се и проблем на многу други семејства во остатокот од светот, како социјалните потреби, сиромаштвото…
РВ/к.мк