Задушница: Папата се моли за „прекинатите“ животи од војната

Задушница: Папата се моли за „прекинатите“ животи од војната

Додека војните продолжува да беснеат во Газа, Украина, Јемен и на други места, папата Фрањо зборуваше за споменот на покојните и надеж за повторно заедништво со нив во Божјото Царство.

Во четврток, 2 ноември, папата Фрањо служеше света Литургија за задушница на воените гробишта во Рим.

Во својата проповед – искажана без помош на белешки – Папата потсети на оние што заминаа пред нас, посебно на оние чии животи беа „прекинати“ од војната.

Сеќавање и надеж

„Празнувањето како денес“, рече папата Фрањо, „со себе носи две мисли: сеќавање и надеж“.

Овој ден задушница, рече тој, нѐ потсетува на „луѓето што беа пред нас“, и „оние кои правеа добро“ и „оние кои не правеа толку многу добро, но … беа примени во Божјата милост“.

Во исто време, предложи папата Фрањо, сеќавањето потсетува на „надежта, која е сеќавање што гледа напред“.

Се надеваме, рече тој, на идна средба во Божјото Царство „со сите“, со светците и со грешниците.

Прекинати животи

Папата потоа размислуваше за гробовите на војниците кои се закопани таму.

„Би сакал да се задржам на нешто што ми се случи на влезот [на гробиштата]“, рече тој.

„Ја гледав возраста на овие паднати војници. Повеќето [загинале на возраст] помеѓу 20 и 30 години. Прекинати животи, животите без иднина, овде“.

„Помислив на родителите“, продолжи папата Фрањо, „мајките што примија такво писмо: ‚Госпоѓо, имам чест да ве известиме дека вашиот син е херој. „Да, херој, но ми го озедоа“.

„Има многу солзи во овие прекинати животи“.

Конфликтите денес

Гледајќи ги овие гробови, папата Фрањо рече: „Не можев, а да не помислам на денешните војни“.

Има, рече тој, „толку многу смртни случаи. Се уништуваат животи без никаква свест“.

Повторувајќи го апелот што постојано го упатува во изминатите неколку месеци, Папата рече: „Војните секогаш се пораз. Секогаш.”

„Да го молиме Господа за нашите покојни“, поттикна тој, „за сите. Господ нека ги прими сите“.

„И Господ да нè помилува и да ни даде надеж; се надеваме дека ќе можеме да продолжиме и да бидеме со Него кога Тој ќе нѐ повика“.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот