Завршно интервју со о. Ломбарди за посетата на Папата во Ерменија

На крајот од Апостолското патување на Папата во Ерменија директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Федерико Ломбарди даде интервју за големиот успех од посетата на Папата во Ерменија.

Ломбарди: Оваа посета имаше три главни аспекти кои навистина сите беа крунисани со голем успех, ако може така да се каже: средбата на Папата со ерменскиот народ кој многу ја ценеше близината на Папата, разбирањето на историјата и христијанската традиција на овој народ. Некои клучни моменти – средбата во претседателската резиденција, а пред сѐ големата екуменска молитва на плоштадот во Ереван, која навистина беше нешто извонредно, бидејќи религиозна манифестација, со молитва на јавни места и со сите претставници на народот, не мислам дека некогаш порано тоа се видело.

Потоа, екуменскиот аспект, и прифаќањето од страна на Католикосот на Арменската апостолска црква беше прекрасен. Папата престојуваше три дена во домот на Католикосот, и затоа тоа навистина беше момент на длабока и искрена средба. А исто така беа и посебни моменти на заедничка молитва, како по повод посетата на катедралата Свет Григориј Просветител при самото пристигнување на Папата, така и за време на утринската голема Божествена литургија, на која го видовме сиот сјај на оваа источна литургија, нејзината длабока духовност, нејзината длабока смисла во клањењето пред Пресветото Причастие, а со тоа и духовниот вкус за оние кои беа во состојба да влезат во смислата на песните, зборовите и обредот.

Тука е и заклучокот од оваа Заедничка декларација која наликува на „печатен“ документ за овие три дена. Дури и тонот на говорот, особено оној на Папата, беше пред сѐ за поттик на екуменизмот, дијалогот и единство во намерите, како и во одот кон евхаристиското заедништво. Значи, би рекол дека оваа е важен чекор на екуменскиот пат, со оваа многу значајна Источна Црква, бидејќи таа речиси се поистоветува со ерменскиот народ. А тоа е и поттик за ерменските католици, кои се малцинска заедница, релативно мала заедница, но многу жива и добро вткаена во животот на земјата, а кои ја осетиле присутноста на вселенскиот пастир и затоа исто така дојдоа до израз на светата Богослужба, на плоштадот Ѓумри: на Папата можеа да му ги покажат нивните добротворни активности, сиропиталиштето и други добротворни активности…

Всушност, тоа беше големата прослава, навистина, дури и за ерменските католици, како оние кои живеат во Ерменија, како во својата историска татковина, така и за оние кои се во дијаспората, а кои по потекло се чувствуваат блиску поврзани со Татковината. По тој повод, од различните делови на светот допатуваа многу ерменци, како од Апостолската црква, така и од Католичката; на пример таму беа присутни сите католички епископи на Ерменија, кои концелебрирале со Папата… Би рекол дека сите овие аспекти се постигнати во целост, па дури може да кажеме дека и присуството на Папата, како и секогаш, овде носи порака за мир во оваа област, во надеж дека, како таква, ќе ја разберат и ќе ја ценат.

Новинар: Кога станува збор за тоа, фактот дека Папата го употребил зборот „геноцид“ предизвика и одредени реакции: од турската страна беше употребен зборот за „крстоносниот менталитет“…

Ломбарди: Она што овде е важно е вистината за намерата на Папата, која секако не е да се предизвика некоја верска војна, туку едноставно некои одредени претпоставки да ги стави врз основа на признавањето на страдањата во минатото, со цел за во иднина никогаш повеќе да не би се случиле овие страдања како и недостатокот на почитување кон животот и правата на другите луѓе. Тоа е намерата на Папата, па и до неа се држиме.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот