Ерменија со нетрпение го очекува папата Фрањо
Во петок 24 јуни, папата Фрањо ќе отпатува во Ерменија каде ќе се задржи до 26 јуни. Оваа кавкаска земја го прифатила Евангелието уште во 301 година на што потсетува и мотото на Папското апостолско патување кое гласи: „Патување во првата христијанска земја“. За ерменската католичка заедница со нетрепение го очекува моментот на прегрнување со папата Фрањо.
„Црвен крст“ на монасите камилијанци во Асхотск беше прв на Кавказ. Станува збор за стнабен комплекс во кој делува Редемпторис Матер, здраствен центар втемелен по желба на Иван Павле II и Италијанскиот Каритас за помош на сиромашните после земјотресот во 1998 година. Од самиот почеток, центарот е управуван од о. Марио Кукароло, кој во разговор за Радио Ватикан се осврна на основањето на оваа институција и на големото искчекување од посетата на Папата, изразувајќи притоа желба и надеж дека Папата ќе дојде да ги прегрне неговите пациенти.
Болницата ја изгради Италијански Каритас, на барање на Иван Павле II, а со тоа всушност се обновени здраствените услуги за целата област на некогашната покраина Асхотск, која опфаќа 21 амбуланта – објасни управителот на болницата. Станува збор за монтажна структура која се наоѓа на подрачје на кое живеат околу 15.000 луѓе, но која прима пациенти речиси од цела Ерменија, а многумина доаѓаат и од Грузија – рече отец Кукароло.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк