Епископот Стојанов служеше Архиерејска Литургија во Радово по повод Марија од Назарет

Епископот Стојанов служеше Архиерејска Литургија во Радово по повод Марија од Назарет

Во недела 3 октомври 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод копатрониот празник Марија од Назарет на парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово служеше света Архиерејска Литургија во сослужение со домашниот парох о. д-р Зоран И. Стојанов, капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов, катедралниот парох о. протојереј ставрофор Ѓорги Трајков, о. протојереј ставрофор Тома Ангелов, протојереј ставрофор о. Спасо Ристов и голем број свештеници од Струмичко -скопска епархија.

Бискупот Стојанов во својата проповед се осврна на тема: „Марија жена на секојдневието“, при што меѓу другото истакна: Ве поканувам сите присутни токму денес да отидеме во посета на Назарет до тоа скромно, но извонредно привлечно свето семејство. Ако го анализираме во духот однесувањето на Јосиф како татко, работник, сопруг, чувар на светото Семејство, ако гледаме на Исус како син, како послушен работник, како млад човек и Марија како обична жена, секој ден, како мајка и домаќинка, тогаш го поставувам прашањето: Дали имате нешто да побарате или да се спротивставите на нивниот дом, на нивното семејство? Верувам дека ништо друго совен восхит и желба нашите домови, нашите семејстава да бидат така хармонични, толку драги, толку едноставни и скромни како Назаретското семејство. Црквата како заедница не се противи на напредокот, не се противи на врменските добра, туку постојано ја нагласува желбата во сите времиња и околности човекот да остане човек. Марија како жена во секојдневниот живот како домаќинка од Назарет го инспирира секој од нас, зарем не сакаме да бидеме како неа?

Браќа и сестри на оваа средба што ја имаме во ова светилиште од година во година, треба да ни послужи не да изгубиме чекор залудно, туку верно да ги негуваме и живееме оние вредности што ни се даваат секој ден. Не е реално да се живее во слава секој ден, но реално е да се слави животот секој ден, живеејќи го токму тој ден, не вчера или утре, туку денес. Нека Марија од Назрет нѐ води кон тоа дека секојдневниот живот е слика на нашишиот живот и секоја секоја во животот наменета за нас по волјата на Создателот е од суштинско значење во лик на хармонично семејство на општеството и светот.  Својата пропвоед епископот Стојанов ја заврши со молитвениот повик до Богородица: Света Марија – моли за нас.

Од светата Литургија и тродневницата директен пренос вршеше Радио Марија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот